Колекција-практикум

Kertakova, Marija (2021) Колекција-практикум. ISBN 978-608-244-863-3.

Full text not available from this repository.

Abstract

Материјалот во ова Учебно помагало – Практикум „Колекција“ е опфатен во две тематски целини: прва целина – производствено-дизајнерски процес во модна колекција, односно организациски, производствен и креативен процес при проектирање и изработка на модна колекција, како продолжување на втората наставна содржина од истоимената скрипта; како и втора целина – примери на проекти за изработка на модна колекција. Ова учебно помагало, содржи материјал првенствено за студентите на Технолошко-технички факултет, но и за секој креативен поединец, кој има нагласена тенденција кон задлабочена анализа на научно-истражувачки проблеми поврзани со мода, колекција и тремини слични на нив.

Во рамките на овој практикум се разработени следниве тематски целини:

Првата тематска целина се однесува на теоретизирање на клучните сегменти од организаторски-производствениот и дизајнерскиот процес при создавањето на една модна колекција. Определени се основните маркери и етапи при создавањето на модна колекција при што се конкретизирани и објаснети сите составни сегменти на стручно-апликативно ниво – од идеја до реализација. Текстот е поткрепен со соодветен илустративен материјал, со цел полесно разбирање на наставната единица. Зададени се тематски содржини, кои многу поконкретно ја определуваат самата колекција и нејзините фази на проектирање.

Посочени се исклучително важни градбени единици, клучен фактор за дизајнирање на една колекција, независно за каков тип се работи. Во овој сегмент се конкретизирани сите развојни фази за проектирање на модна колекција – од идеја до реализација. Ставен е акцент на т.н. модно портфолио кое претставува современ графички метод за презентација на една модна колекција. Разработени се исклучително современи и актуелни теми како творец-моден дизајнер, инспирација, мудборд, клиент-целна група, карта на бои и материјали, модни илустрации, технички скици, модни аксесоари, кроен процес, техничко-технолошки процес на изработка, модна ревија, модна фотографија, моден PR итн., за да на крај се дадат примери на најсовремените начини за презентација на модна колекција во неопостмодернистичкиот период.

Во втората тематска целина се претставени примери на изработени десет проекти на модни колекции (модни портфолија), при што се разработени клучни теми кои се однесуваат на модната колекција и процесот на нејзина изработка (од идеја до реализација), при што на аналитичко, визуелно и апликативно ниво се презентирани најсовремените и најкреативни начини за нејзина презентација и реализација. Оваа целина е исклучително богата на илустративен материјал и е многу важна за согледување и разбирање на теоретските сегменти од страна на секој поединец – студент. Ваквиот метод на селекција, подреденост и органицација на наставниот материјал е еден од најпознатите и најпризнати (од страна на модните експерти) начини за презентација на модна колекција во современиот свет. За крај посочени се модерни компјутерски техники за изработка како на моден проект, така и на модна колекција, со што зададени се примери на екстремно нестандардни експресивни форми и начини на демонстрација, типични за денешната „дигитална ера“.

Материјалот е селектиран во рамките на капацитетот и наставната програма на учебникот за овој предмет. Текстот е надополнет со голема база на приложени фотографии и илустрации со цел полесно согледување и разбирање на наставно-научниот материјал, како и збогатување на естетско-информативната позадина на секој кој го чита.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music)
Divisions: Faculty of Technology
Depositing User: Marija Kertakova
Date Deposited: 15 Feb 2022 07:30
Last Modified: 15 Feb 2022 07:30
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29414

Actions (login required)

View Item View Item