Toneva Stojmenova, Verica (2021) Антибиотска само-медикација кај стоматолошките пациенти. In: 10 ти симпозиум со меѓународно учество: Инфекции во секојдневната стоматолошка пракса - новини во дијагностиката, третманот и превенцијата, 20 Ноември 2021, online, Microsoft Teams. (Unpublished)
Text
pdf programa.pdf Download (291kB) |
|
Text
Верица Тонева Стојменова pdf.pdf Download (238kB) |
|
Text
презентација Стојменова Тонева Верица.pdf Download (1MB) |
Abstract
Стоматолошките интервенции важат за едни од најстресните, најболните и најнепријатните. Денес, во ерата на висока технологија каде сите информации стигнуваат преку интернет, или преку медиумите, многу лесно лековите и медикаментите се достапни на широката популација. Од таму и можноста за само-медикација кон која, многу побрзо и полесно пристапуваат пациентите, одколку да се одлучат за контролен преглед или третман во стоматолошка ординација кај стручно едуцирано лице-стоматолог.
Се почесто присутната само-медикација кај популацијата во Р.С. Македонија, посебно со земање на лекови и препарати кои навидум се безазлени претставуваше иницијација за нашето истражување: да се направи процена на само-медикацијата со антибиотици кај пациентите на кои им требаат стоматолошки услуги. Исто така предмет на ова испитување беше и да се верифицираат кои антибиотици најчесто се користат, како и да се процени улогата на образованието при само – медикацијата.
Во Р.С. Македонија нивото на само-медикација е доста високо, затоа е потребно подигнување на свесноста кај популацијата и едуцирање на пациентите за последиците од неа. Па така, без разлика на карактеристиките на антибиотиците како и нивната делотворност на инфекциите во човечкиот организам, во одредена тераписка доза, во исто време, можат да предизвикаат и многу несакани проблеми, кои во екстремни случаи може да завршат и летално, нивната рационална употреба и контрола всушност е целосно оправдана.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Lecture) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Verica Toneva Stojmenova |
Date Deposited: | 09 Feb 2022 08:47 |
Last Modified: | 26 Nov 2024 10:33 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29319 |
Actions (login required)
View Item |