Marolov, Dejan and Stojanovski, Strasko (2021) Придавката „македонски“ во договорите со Бугарија (2017 год.) и со Грција (2018 год.). Годишен Зборник на Филолошки Факултет.
Text
Zbornik Filoloski 18 Marolov Stojanovski.pdf Download (743kB) |
Abstract
Од создавањето на независна Република Македонија, па сè до денес, младата република се соочи со уникатни проблеми со своите соседи. Со цел за нивно решавање, а под заканата за непризнавање и за ставање вето на евро-интегративните процеси беа потпишани повеќе договори1. Овој труд ја анализира (не)дозволеноста на употребата на терминот „македонски“ согласно со последните потпишани договори со Р Бугарија од 2017 год. како и со Р Грција од 2018 год. Иако излегуваат надвор од вообичаената меѓународна пракса, токму овие договори на еден или на друг начин регулираат културно-историско идентитетски прашања, а нашата цел ќе биде нивна анализа во делот на придавката „македонски“. Имено, станува збор за релативно нови договори за кои во науката сè уште нема доволно литература и анализа. Токму давањето на скромен придонес во оваа насока е задача на овој труд. Анализата на договорите во овој дел покажува дека при примената на договорите, субјектите си земаа за право да дефинираат кога и во каков контекст може да се употребува придавката „македонски“.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature Social Sciences > Law Social Sciences > Political Science |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Dejan Marolov |
Date Deposited: | 10 Feb 2022 12:26 |
Last Modified: | 10 Feb 2022 12:26 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29312 |
Actions (login required)
View Item |