Дигитален маркетинг – главна алка во градењето „пост-ковид“ дигитално општество

Arsova, Monika (2021) Дигитален маркетинг – главна алка во градењето „пост-ковид“ дигитално општество. Center for Innovation and Development INOS Prilep.

[thumbnail of Дигитален маркетинг – главна алка во градењето „пост-ковид“ дигитално општество.pdf] Text
Дигитален маркетинг – главна алка во градењето „пост-ковид“ дигитално општество.pdf - Published Version

Download (693kB)

Abstract

АПСТРАКТ

Општеството денес е сè повеќе дигитализирано и поврзано, преку компјутерите и другите уреди кои посредуваат во животот на индивидуата на еден или друг начин. Тоа е апстрактна појава која тешко се разбира, а степенот на дигитализација претставува предизвик кој е предмет на анализа во секое општество. Почетокот на пандемијата предизвикана од Ковид-19, во почетокот на 2020година, принуди милиони луѓе да ги променат нивните дневни навики и да ја применуваат дигиталната технологија.
Големи промени настанале во рамки на каналите на маркетингот, односно преминот од традиционални кон дигитални, модерни канали на поврзување со потрошувачите. Денешниот потрошувач бара многу повеќе внимание, личен однос од страна на претпријатието, почесто известување и пласирање информации кои се лесно достапни за него. Иновациите во маркетинг каналите претставуваат прв чекор во креирањето дигитално општество во периодот на пандемијата, но и после неа. Креирањето на дигитално општество подразбира поголемо поврзување, синхронизирање и адаптирање на светските пазари и создавање поголеми вредности за потрошувачите.
Покрај изедначувачкиот потенцијалот кој дигитализацијата како процес го има, сепак дигиталното општество е далеку од утопично со оглед на тоа што сеуште може да се видат социјалните и економски нееднаквости помеѓу потрошувачите.

Клучни зборови: дигитализација; канали на маркетинг; информации; потенцијал;
нееднаквости

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Monika Arsova
Date Deposited: 08 Feb 2022 11:35
Last Modified: 08 Feb 2022 11:35
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29260

Actions (login required)

View Item View Item