Изложба со староградски носии

Dimitrijeva-Kuzmanoska, Vanga (2022) Изложба со староградски носии. [Show/Exhibition]

[thumbnail of index.html] Text
index.html

Download (35kB)
[thumbnail of izlozba muzej Stip septemvri 2021.pdf] Text
izlozba muzej Stip septemvri 2021.pdf

Download (539kB)
[thumbnail of Трудови за културно наследство на Штип.pdf] Text
Трудови за културно наследство на Штип.pdf

Download (6MB)

Abstract

Староградските носии од етнолошката поставка во музејот во Штип се непроценлива инспирација за создавање на нови модели кои ја симболизираат богатата културна историја на македонската жена, преку која се манифестирале сите културни движења во поглед на облеката како една од многуте значајни арте факти кои ја карактеризираат културата на македонците.
Преку овој тип на облека се обидовме да ги прикажеме основните кроеви на староградската носија, следејќи ги и промените кои настанале во периодот од крајот на 19 век па до втората половина на 20 век, период во кој староградската носија е сеуште маркантен симбол за нивна визуелна идентификација.
Во овој период како резултат на промените од традиционален сточарски кон стациониран начин на живот како и асимилација и интеграција со месното население, носијата почнала да трпи поединечни трансформации како во својата структура така и во својата функција, естетска, материјалната база и слично, за на крај да биде заменета со новиот ala-franga модел, со што исчезнал визуелниот ефект за етничката идентификација на етничките заедници.

Item Type: Show/Exhibition
Subjects: Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music)
Divisions: Art Academy
Depositing User: Vanga Dimitrijeva
Date Deposited: 08 Feb 2022 09:52
Last Modified: 08 Feb 2022 09:52
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29242

Actions (login required)

View Item View Item