Сказната како артефакт (кон книгата „Араптази“ волшебни народни приказни од Струмица и Струмичко, собрани и приредени од Иван Котев, Струмица 2020 год.)

Vitanova-Ringaceva, Ana (2020) Сказната како артефакт (кон книгата „Араптази“ волшебни народни приказни од Струмица и Струмичко, собрани и приредени од Иван Котев, Струмица 2020 год.). Араптази - Македонски народни волшебни приказни од Струмица и Струмичко. ISSN 978-608-66227-9-4

[thumbnail of Сказната како артефакт - Предговор кон книгата „Араптази“'.pdf] Text
Сказната како артефакт - Предговор кон книгата „Араптази“'.pdf

Download (25MB)

Abstract

Волшебните народни приказни се најколоритни, мотивски најбогати и најраскошни единици на фолклорот и тие, покрај приказните за животни, се сметаат за најстар вид усна проза. Нема конкретно време и место на нивното создавање и пресоздавање. Тие се кажувале на секое место и во секое
време кога човекот бил и физички и умствено активен. Колективната работа по полето и дома, подразбирала учество на поголема група луѓе кои во исто време биле кажувачи, но и слушатели. Народните приказни се кажувале, прераскажувале, видоизменувале и пренесувале секогаш кога било возможно да се оствари односот информатор – слушател. Нашите предци го правеле тоа сосема спонтано, природно им се наметнувала потребата да посакаат само за момент да го напуштат реалниот свет, што подразбирал тежок и макотрпен живот и да заминат во светот на фантастичното и семожното.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ana Ringaceva
Date Deposited: 04 Feb 2022 08:29
Last Modified: 04 Feb 2022 08:29
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29216

Actions (login required)

View Item View Item