Vitanova-Ringaceva, Ana (2021) Арапот - архетип или споделена вредност во културната меморија на балканските народи (врз примери на локалната сказна од Струмичкиот Регион). Балканот и Балканските народи - паралели во историјата и во современоста. Зборник на трудови. ISSN 978-608-4845-12-6
Text
Арапот-архетип или споделена вредност во културната меморија на балканските народи.pdf Download (1MB) |
Abstract
Балканот претставува синоним за постојани меѓусебни негирања на народите што живеат на овој простор, анимозитети и анатагонизми што оставаат длабоки траги во духовната и материјална балканска култура. Фолклорот на балканските народи чува фигури кои прераснале во архетипови и како такви егзистираат до денес. Распластувајќи го усното народно творештво наидуваме на фигурата на Црниот Арап (Непријателот/Злото/Другиот) како фигура на скаменет негативен стереотип во рамки на една национална култура. Фигурата на Црна Арапина претставува актуализација на архетипот на злото, што истовремено може да се набљудува и како фигура на меморијата. При пристапот кон оваа фигура ја прифаќаме тезата за тоа дека таа не претставува ексклузивитет само на македонската култура, туку дека Црна Арапина ја перципираме како споделена вредност во културната меморија на балканските народи. Во време кога ни се нуди една искривена интерпретација на многу културни и идентитски парадигми, ќе се обидеме преку фолклорот, фигурата на Црна Арапина да ја расветлиме како „позитивен стереотип на Балканот“. Ќе се обидеме да докажеме како една фигура во еден мал локален фолклор повлекува паралели на културно поврзување на балканските народи. Токму фигурата на Црна Арапина ја поставуваме во темелот на одамна срушените мостови на меѓусебното мултикултурно поврзување на народите на Балканот.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Ana Ringaceva |
Date Deposited: | 26 Jan 2022 08:31 |
Last Modified: | 26 Jan 2022 08:31 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29097 |
Actions (login required)
View Item |