Taleski, Vaso (2021) Ковид 19 пандемија – Парадокс на нашето време. In: Симпозиум Инфекции во секојдневната стоматолошка пракса - Новини во дијагностиката, третманот и превенцијата, 20.11.2021, Online UGD Sthip. (Submitted)
Preview |
Image
Симпозиум 2021 - програма.jpg Download (287kB) | Preview |
Text
Simpozium Stip 2021 VASO TALESKI.pdf Download (4MB) |
|
Text
Abstract Dentalna 2021 Vaso Taleski.pdf Download (102kB) |
Abstract
Постојат седум познати хумани корона вируси од кои четири најчесто причинуваат лесни настинки кај особи со добар имун систем. Oстанатите три вида кои се откриени во последните две децении (SARS CoV, MERS CoV и SARS CoV-2), се пренесуваат како зоонози и се причинители на тешки респираторни заболувања и смрт.
Најновиот и најопасниот од групата на Корона вируси се појави за прв пат во декември 2019 година, во градот Вухан, во Кина. Вирусот е идентификуван на 7 јануари 2020 година и е наречен 2019 – nCoV (novel Coronavirus), но подоцна (на 11 февруари 2020) СЗО го преименува во SARS-CoV-2, а заболувањето го нарече COVID-19. Комплетниот геном на SARS CoV-2 вирусот е секвенциониран и официјално објавен на 10 јануари 2020 година.
Заради брзото ширење во светот, СЗО објави пандемија со COVID-19 на 11 март 2020 година. Според последните податоци (21 септември 2021), инфицирани биле 230,172,313, умреле 4,719,645, оздравеле 206,874,302 особи.
Од јули 2021, идентификувани се четири варијанти на SARS-CoV-2 вирусот:
алфа, бета, гама и делта варијанта (доминантна во светот).
Од самиот почеток, пандемијата е поврзана со огромен број на предизвици и парадокси, невидени и незабележани во досегашната историја. Овие парадокси се поврзани со повеќе прашања и малку одговори како што се: потеклото на вирусот (природен или создаден во лабораторија), дијагностиката (PCR, антигенски тестови, одредување на антитела, биохемиски индикатори), можностите за превенција (маски, дистанца, вакцини, витамини, антиоксиданси, пробиотици), можностите за терапија (непостоење на ефикасни стратегии и протоколи, употреба на: моноклонални антитела, антибиотици, антивирусни лекови, антипаразитарни лекови, интерферон, кислород, кортикостероиди, антикоагуланси, EXO-CD24), рестриктивните мерки, добивање на информации преку сите видови медиуми како и „научни“ часописи – вистинити и невистинити, чести менување на мислења, препораки и ставови и од највисоки инстанци како што е СЗО, не постоење на активности за промоција на здравјето, страв, паника и стрес кои се присутни кај огромен дел од светското население, блокадата и нефункционирањето на здравствените системи како и на сите други аспекти на животот.
Пандемијата има огромно влијание и на стоматолошката пракса (ограничен пристап до услугите) заради ризикот од создавање на аеросоли од плунката на пациентите и блискиот контакт со пациентите кои овозможуваат пренос на вирусите во двата правци.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Keynote) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Basic medicine Medical and Health Sciences > Clinical medicine Medical and Health Sciences > Health sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Vaso Taleski |
Date Deposited: | 24 Jan 2022 08:55 |
Last Modified: | 24 Jan 2022 08:55 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29022 |
Actions (login required)
View Item |