Андрогенетски потенцијал на некои генотипови градинарски култури

Pockovska, Marija (2021) Андрогенетски потенцијал на некои генотипови градинарски култури. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.

[thumbnail of Marija Pockovska magisterska_FINALNA.pdf] Text
Marija Pockovska magisterska_FINALNA.pdf

Download (3MB)

Abstract

Во текот на двeгодишните истражувања беа култивирани серија култури на
антери од различни генотипови пиперка (Capsicum annuum L.), домат
(Lycopersicon esculentum Mill.) и патлиџан (Solanum melongena L.) со цел да се
испита нивниот андрогенетски потенцијал. Беа користени шест генотипови
пиперка (Edita F1, Homera F1, Duga bela, Una, Amfora и Kurtovska kapija), четири
генотипови домат (Bellfort F1, Rally F1, Policarpo F1 и Novosadski jabučar) и еден
генотип патлиџан (Domači srednje dugi). Антерите изолирани од пупки во
соодветна развојна фаза беа култивирани на хранливи подлоги, следејќи
соодветни протоколи за секоја култура одделно.
Сите испитувани генотипови пиперка во поставениот протокол за
андрогнеза резултираа со формирање на различен процент калус. Генотиповите
Bela duga и Edita F1 резлутираа со формирање на еден и девет ембриоди,
соодветно. Како краен резултат беа добиени четири регенранти Edita_R1,
Edita_R2, Edita_R3 и Edita_R4 и едно целосно аклиматизирано андрогенетско
растение од генотипот Edita F1. Кај андрогенетското растение Edita_R1 беа
направени фенолошки, физиолошки и молекуларни анализи, споредувани во
однос на мајчиниот генотип Edita F1. Од извршената анализа утврдено е дека
испитуваните регенерирани растенија се разликуваат во однос на мајчиниот
генотип.
Сите испитувани генотипови домат во соодветниот протокол за андрогенеза
резултираа со 6,4 % - 61,8 % калусогенеза, додека тестираниот генотип патлиџан
не покажа андрогенетски потенцијал.
Со ова истражување утврдена е андрогенетската способност на
испитуваните генотипови пиперка, домат и патлиџан и со тоа тие претставуваат
основа за идните истражувања во оваа област, особено за добивање на
андрогенетски растенија и нивно воведување во селекционерски програми.
Клучни зборови: пиперка (Capsicum annuum L.), домат (Lycopersicon esculentum
Mill.), патлиџан (Solanum melongena L.), андрогенеза, калусогенеза, фенотип,
молекуларни анализи

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Agricultural Sciences > Agricultural biotechnology
Divisions: Faculty of Agriculture
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 18 Oct 2021 10:13
Last Modified: 18 Oct 2021 10:13
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/28600

Actions (login required)

View Item View Item