Пропусти во предзнаењата на студентите и учениците забележани при изучување на предметот математика

Miteva, Marija and Koceva Lazarova, Limonka (2020) Пропусти во предзнаењата на студентите и учениците забележани при изучување на предметот математика. Математички омнибус - Книга 8. pp. 9-19. ISSN 978-608-4762-28-7

[thumbnail of 1_m.miteva-l.k.lazarova-2020.pdf] Text
1_m.miteva-l.k.lazarova-2020.pdf - Published Version

Download (201kB)

Abstract

Наставниците во училиштата и на факултетите, како и различните тестирања на учениците и студентите, сведочат дека нивото и квалитетот на знаењето по математика кое учениците и студентите го стекнале, постојано се намалува. Проблемот станува поголем кога знаењето по математика не е потребно само за да се решат конкретни математички задачи со кои ќе се добие висока оценка или ќе се положи испит. Проблемот од недостиг на математичко знаење и математички вештини најчесто се согледува кога истите треба да се применат при решавање на конкретна проблемска ситуација од секојдневниот живот и работа, или уште повеќе, при решавање на некој проблем од науката, техниката и инженерството. А примената на математиката е доста широка. Во овој труд ќе разгледаме некои типови на грешки кои учениците и студентите ги прават при изучување на математиката, кога и зошто се појавуваат, а ќе наведеме и предлози за нивно надминување.

Item Type: Article
Subjects: Natural sciences > Matematics
Divisions: Faculty of Computer Science
Depositing User: Limonka Koceva Lazarova
Date Deposited: 12 Oct 2021 07:32
Last Modified: 12 Oct 2021 07:32
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/28556

Actions (login required)

View Item View Item