Форма на Потенцијалниот Сигнал на Cyclic Square-Wave Voltammetry и дефиниции за симулации на механизми во MATHCAD во услови на циклична квадратно-бранова волтаметрија

Gulaboski, Rubin (2021) Форма на Потенцијалниот Сигнал на Cyclic Square-Wave Voltammetry и дефиниции за симулации на механизми во MATHCAD во услови на циклична квадратно-бранова волтаметрија. [Dataset] (Unpublished)

[thumbnail of Potential signal in cyclic square-wave voltammetry in MATHCAD-definition 2021 GUlaboski.pdf] Slideshow
Potential signal in cyclic square-wave voltammetry in MATHCAD-definition 2021 GUlaboski.pdf - Presentation

Download (905kB)

Abstract

Цикличната квадратно-бранова волтаметрија е тип на хибридна техника што ги обединува потенцијалните форми на цикличната и квадратно-брановата волтаметрија. Во рамките на оваа презентација, дадени се дефинициите на сигналот во циклична квадратно-бранова волтаметрија, како и карактеристиките на овој сигнал во симулацискиот пакет MATHCAD. Дадени се и специфичните карактеристики на волтамограмите симулирани со оваа техника, што е особено ефикасна за студирање на ензимско супстратните механизми. Оваа техника овозможува симултана инспекција на оксидациските и редукциските механизми, како и на голем број електродни механизми што се комплицирани со последователни или претходни хемиски рамнотежи. Определувањето на релевантни кинетички и термодинамички параметри поврзани со електронскиот трансфер, но и со евентуалните хемиски реакции инволвирани во разни механизми, се базира на однесувањето на потенцијалната сепарација помеѓу оксидациските и редукциските пикови, висината на струите на тие пикови, како и на поместувањето на полубрановиот потенцијал како функција од брзината на скенирање или на концентрацијата на даден супстрат. Техниката е една од најсофистицираните волтаметриски техники во последните 10тина години, но постојат мал број на теоретски студии и симулациски пакети што овозможуваат користење на оваа техника. Ова е единствена можност каде се нуди слободен симулациски пакет за пресметки со оваа современа волтаметриска техника.

Item Type: Dataset
Subjects: Natural sciences > Chemical sciences
Natural sciences > Physical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Rubin Gulaboski
Date Deposited: 04 Oct 2021 10:32
Last Modified: 04 Oct 2021 10:32
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/28520

Actions (login required)

View Item View Item