Risteski, Sanja (2021) Градската облека како дел од културното наследство во Штип и нејзината трансформација во современите модни трендови на облека. Културното наследство низ призмата на ликовната дејносt. pp. 44-58.
Full text not available from this repository.Abstract
Модата е дел од културата, таа се презентира преку облеката, накитот, уредувањето,
уметничките предмети итн. Но, таа во никој случај не претставува само надворешен украс
на човековото битие, туку се појавува како засебен облик на одредено однесување. Или
поедноставено модата е начин на облекување на одредена група на луѓе во одреден
временски период и истата не е општоприфатлива за сите припадници на дадено
општество. Модата, некогаш манифактурна, денеска преминува во индустрија, бројните
и престижни модни куќи лоцирани во Франција, Италија, Лондон...престижните школи за
изучување на модниот дизајн и изработката на облеката се јасен показател за тоа колку
модата зазема значајно место во светот. Почнувајќи од идеја, цртеж, изработка на кроеви,
конфекционирање, барање пазар, пласирање на производот на пазарот и негово
стигнување до рацете на потрошувачот, говорат за тоа дека денес модата е индустрија. Денес модата, претставена преку разработен, конструран и реализан дизајн на модел
чија инспирација може да е далбоко вкоренета низ минатото и вековите е своевиден глас
на личноста, нејзина презентација во современиот свет, таа е брза и динамична, спремна
на промени.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music) Engineering and Technology > Materials engineering |
Divisions: | Faculty of Technology |
Depositing User: | Sanja Spasova |
Date Deposited: | 27 Sep 2021 10:11 |
Last Modified: | 27 Sep 2021 10:11 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/28493 |
Actions (login required)
View Item |