Taseva, Emilija and Ivanovska, Biljana (2021) Mетафорични концепти кај соматизмите во германската и во македонската фразеологија. Palimpsest, VI (11). pp. 73-85.
Text
4436-Article Text-7342-1-10-20210916.pdf Download (5MB) |
Abstract
Со овој труд се обидуваме да претставиме одредени фразеолошки изрази кои во својот состав како главна kомпонента содржат делови од човековото тело и со помош на споредбена анализа да ја објасниме нивната употреба во различни јазични опкружувања, пред сè, според метафоричниот концепт. И покрај големиот и богат избор на фразеологизми и фразеолошки изрази, се задржуваме на
неколку соматизми кои според самата структура беа интересни за нашите анализи.
Анализата на фразеолошките изрази во двата јазика, македонскиот и германскиот, ја вршиме според kласификацијата на фразеологизмите прикажана од Бергерова (2005) и во однос на степенот на еквивалентност според Браун и Кралман (1990). Подетално ќе се задржиме на деловите срце, глава и рака, а сè со цел да ги претставиме сличноста и разликите во употребата и значењето на одредени фразеологизми во македонскиот и во германскиот јазик. Анализираните фразеологизми и фразеолошки изрази се ексцерпирани од одредени дела, романи, речници, дел од Библијата итн.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Biljana Ivanovska |
Date Deposited: | 08 Oct 2021 08:39 |
Last Modified: | 08 Oct 2021 08:39 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/28467 |
Actions (login required)
View Item |