Практикум по општо и специјално градинарство

Dimovska, Daniela (2020) Практикум по општо и специјално градинарство. ISBN 978-608-244-791-9.

Full text not available from this repository.

Abstract

Во општиот дел од практикумот обработени се теми поврзани со испитување на квалитетот на семето, кое е еден од клучните фактори за квалитетното градинарско производство. Во овој дел се разработени поглавјата за земање примероци од семе, подготовка и чување на работните примероци наменети за лабораториско испитување, како и методите за испитување на квалитетот на семе со одредување чистота на семе, ’ртливост, одредување на употребната вредност на семе, апсолутна маса и влага на семе.
Специјалниот дел започнува со класификацијата на градинарските култури која е направена според морфолошки, биолошки и ботанички карактеристики на градинарски видови кои се најзастапени на нашите простори и имаат значење во
исхраната на човекот.
Обработени се шест класи на зеленчуци, според нивниот конзумативниот дел, и тоа:
- Плодови зеленчуци - домат (Lycopersicon esculentum Mill.), пиперка (Capsicum
annuum L.), патлиџан (Solanum melongena L.), врежести зеленчуци - краставица,(Cucumis sativus L), диња (Cucumis melo L.), лубеница (Citrullus vulgaris Schard.), тикви - Cucurbita sp., обична тиква (Cucurbita pepo L.), тиква печенка (Cucurbita maxima L.), мускатна тиква (Cucurbita moschata L., Duch.);
- мешункести (бобови) зеленчуци - грашок (Pisum sativum L.), боранија (Phaseolus vulgaris L.), бакла (Vicia faba L.);
- Листостеблени зеленчуци - зелка (Brassica oleracea L. var. capitata), кeљ(Brassica oleracea L. var. sabauda), кељ пупчар (Brassica oleracea L. var.gemmifera), карфиол (Brassica oleracea L. var. botrytis), броколи (Brassica oleracea L. var. italica), лисна зелка (Brassica oleracea
L. var. acephala), кинеска зелка (Brassica rapa L. ssp. Chinensis);
-Лиснати зеленчуци - салата (Lactuca sativa L.), ендивија (Cichorium endivia L.),спанаќ (Spinacea oleracea L.);
-Лукови зеленчуци - кромид (Allium сера L.), праз (Allium porrum L.), лук (Allium sativum L.);
- Коренови зеленчуци - морков (Daucus carrota L.), магдонос (Petroselinum hortense Hoffm.), пашканат (Pastinaca sativa L.), целер (Apium graveolens L.), цвекло (Beta vulgaris ssp. esculenta), ҆рдоква (Raphanus sativus var. maјor),
ротквичка (Raphanus sativus L. var. radicola).
Сите градинарски култури кои се опфатени во специјалниот дел се обработени според систематиката припадност на фамилија, род, како и на помали систематски единици како подвид, вариетет и форма. Кај сите градинарски култури се опишани и морфолошките карактеристики, односно нивните вегетативни и генеративни органи.
Со цел активно да се вклучат студентите на вежбите по градинарство, дадени се и задачи кои студентите треба самостојно да ги изработат на час, со цел утврдување на
материјалот.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Agricultural Sciences > Agriculture, forestry, and fisheries
Divisions: Faculty of Agriculture
Depositing User: Daniela Dimovska
Date Deposited: 08 Nov 2021 09:38
Last Modified: 08 Nov 2021 09:38
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/28430

Actions (login required)

View Item View Item