Metodijeski, Dejan and Filiposki, Oliver and Gjorgieva, Ivana and Nacov, Aleksandar (2021) Регионални карактеристики на светската гастрономија. Туристика, Скопје. ISBN 978-608-4872-10-8
Text
Binder3.pdf Download (670kB) |
Abstract
Книгата „Регионални карактеристики на светската гастрономија“ е наменета за сите кои работат во секторот угостителство и туризам, објектите за храна и пијалаци, за академската јавност, студентите, учениците, истражувачите, заинтересираните страни од приватниот, јавниот и невладиниот сектор кои директно или индиректно се поврзани со гастрономијата. Книгата е изготвена со цел да се збогати постоечката литература поврзана со интернационалните кујни и светската гастрономија.
Материјалот во книгата е поделен во шест основни поглавја. Во првиот дел е опфатен материјалот кој се однесува на дефинирањето на гастрономијата, гастрономскиот идентитет и регионалната поделба на интернационалната гастрономија. Вториот, третиот, четвртиот, петтиот и шестиот дел се однесуваат на гастрономските карактеристики на 35 одбрани земји. Критериумите за избор на 35-те земји се поврзани со популарноста на нивната гастрономија во светски рамки. За секоја земја опфатени се основните карактеристики на земјата, препознатливите гастрономски производи, како и гастрономските манифестации. За земјите презентирана е мапа, преземена од веб страната https://www.cia.gov/the-world-factbook/countries/.
Во вториот дел се разгледуваат карактеристиките на гастрономијата во Европа (20 земји). Во Јужна и медитеранска Европа, опфатени се гастрономиите на следните земји: Албанија, Грција, Италија, Малта, Португалија, Србија, Словенија, Турција, Хрватска и Шпанија.
Од Западна Европа се обработуваат карактеристиките на следните кујни: Австрија, Белгија, Германија, Франција и Швајцарија.
Во Северна Европа се опфатени карактеристиките на кујните во Англија и Шведска.
Од Централно-источна Европа, презентирани се гастрономските специфики на следните земји: Бугарија, Полска и Русија.
Третиот дел е посветен на карактеристиките на гастрономијата кај одбрани земји во регионот Азија и Пацифик (5 земји). Во овој дел се обработува материјалот поврзан со кујните на следните земји: Кина, Јапонија, Тајланд, Индија и Австралија.
Четвртиот дел е посветен на материјата поврзана со карактеристиките на регионалната гастрономија во регионот Америка (5 земји). Од Северна Америка, презентирани се гастрономиите на Соединетите Американски Држави и Мексико; од Карибите – гастрономијата на Куба; а од Јужна Америка, гастрономијата во Аргентина и Бразил.
Петтиот дел од книгата го обработува материјалот поврзан со регионалните карактеристики на гастрономијата во избрани земји од регионот Африка (3 земји). Во ова поглавје се обработуваат кујните на следните земји: Мароко, Тунис и Јужноафриканската Република.
Во шестиот дел се обрнува внимание на карактеристиките на гастрономијата кај избрани земји од регионот Близок Исток (2 земји). Опфатени се следните земји: Египет и Обединети Арапски Емирати.
Во изработката на книгата користена е соодветна стручна литература и релевантни интернет извори од областа на угостителството и гастрономијата. Имајќи предвид дека ова е прво издание на книгата, можеби сме пропуштиле некои важни елементи поврзани со регионалните карактеристики на светската гастрономија. За сите забелешки, мислења и коментари, авторите ќе Ви бидат благодарни и ќе ги земат предвид при создавањето на второто дополнето и проширено издание. Исто така, искажуваме благодарност и до сите наши колеги и соработници кои дадоа придонес во обезбедувањето на неопходните материјали за комплетирање на книгата, како и на рецензентите за укажаните искрени и конструктивни сугестии.
Item Type: | Book |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Tourism and Business Logistics |
Depositing User: | Oliver Filiposki |
Date Deposited: | 25 Aug 2021 10:34 |
Last Modified: | 25 Aug 2021 10:34 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/28356 |
Actions (login required)
View Item |