Туристичка валоризација на тврдините во Република Северна Македонија

Todorovic, Emilija (2021) Туристичка валоризација на тврдините во Република Северна Македонија. Doctoral thesis, Универзитет „Гоце Делчев“, Штип.

[thumbnail of Disertacija_lektorirana_print_finalna.pdf] Text
Disertacija_lektorirana_print_finalna.pdf

Download (7MB)

Abstract

Културното наследство како основа за развој на културниот туризам и туризмот како општествена појава се два меѓусебно поврзани комплексни поими. Културното наследство од една страна придонесува за атрактивност и препознатливост на дестинацијата и мотив за посета на истата, а туризмот пак, од друга страна, придонесува за валоризација и промоција на наследството, градење идентитет на дестинацијата, општествен и економски развој.
Во овој труд преку една сеопфатна анализа на постојната литература се потенцира поврзаноста помеѓу културното наследство и туризмот, со акцент на тврдините како дел од тоа наследство. Нивната валоризацијата има за цел согледување на моменталната состојба и потенцијалот за формирање квалитетен автентичен туристички производ кој успешно ќе се промовира на пазарот. Република Северна Македонија изобилува со голем број тврдини и крепости кои водат корени уште од античко време, а секоја од нив има сопствена историја и културно значење. Не навлегувајќи во анализа на сите тврдини поединечно, во трудот се избрани осум тврдини од различни региони во земјата, како потенцијал за локален, регионален и национален туристички развој.
Туристичката валоризација на избраните тврдини е направена според квантитативно - квалитативен метод, кој е модифициран и составен од индикатори кои според авторот даваат јасна и објективна слика за моменталната состојба на тврдините како потенцијален културен туристички производ. Исто така со тоа ќе се откријат слабостите во менаџирањето со тврдините и ќе се добијат насоки за идни инвестициски зафати. Добиените резултати може да се користат за креирање краткорочни и долгорочни планови за иден туристички развој на дестинацијата.
Во текот на истражувањето вршени се кабинетски и теренски истражувања, при што се применети различни методи и техники на собирање податоци. Поради поголема објективност во оценувањето на поставените индикатори, во анкетирањето се вклучени експерти од областа на туризмот, археологијата, уметноста и економијата, но и туристи со цел создавање целосна слика за предметот на истражување.

Item Type: Thesis (Doctoral)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Dejan Metodijeski
Date Deposited: 12 Jul 2021 05:58
Last Modified: 12 Jul 2021 05:58
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/28293

Actions (login required)

View Item View Item