Malja, Ibrahim (2020) Управување со ризикот во осигурителните компании. Doctoral thesis, Универзитет „Гоце Делчев“ Штип.
Text
Risto Fotov - лекторирана.docx Download (1MB) |
Abstract
Осигурителниот пазар во Косово се смета за важен дел од финансискиот систем, бидејќи генерирањето на големите средства постана моќен економски фактор. На овој пазар се опфатени приватни компании со директен надзор од државата, кои го реализираат процесот на осигурување на лица, имот, возила и други ризици предвидени со важечките и постоечки закони. Ризикот за осигурителот и осигурувачот претставува постојан предизвик за осигурителните компании кои се заинтересирани за намалување на нивното ниво. Што помалку ризик за осигуреникот, толку помалку ризик и потешкотии за осигурителот. Меѓутоа, минатото не посочува на големи ризици кои ги надминале осигурителните компании, и дека дел од нив во неможност да ги покријат нанесените штети, банкротирале, додека одговорните лица за подолг временски период биле третирани во соодветни правни системи.
Поради динамиката на животот воопшто, се зголеми и ризикот за осигурениците, додека обврските и одговорностите за осигурителот, паралелно се зголемиле. Неуспесите и стравовите за управување со процесот или интересот на компаниите кои носат ризик на трети лица е растечки тренд, но се уште ја тресе довербата на клиентите.
Финансиската несигурност на компаниите за осигурување се елемент во развој а ова ги навело експертите од областа на осигурувањето да ги истражуваат подобрите и полесните патишта кои водат кон успехот на овие организации.
Затоа овие организации ги применуваат најдобрите методи со цел да ги избегнат опасностите кои претстојат во иднина. Спроведувањето на теренски истражувања овозможила да се идентификуваат проблемите, тешкотиите, ризиците, пречките, контактите, соработката и да се идентификува пристапот за надминување на секој ризик во развојот и функционирањето на осигурителните компании.
Клучни зборови: Осигурување, компанија, ризик, вредност, менаџирање, интерес, економија...
Item Type: | Thesis (Doctoral) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Blagica Koleva |
Date Deposited: | 01 Jul 2021 15:38 |
Last Modified: | 02 Jul 2021 05:55 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/28270 |
Actions (login required)
View Item |