Srebrenkoska, Sara (2018) Роботизирани AFP/ATL процеси за производство на делови од композитни материјали. In: Докторски семинар и годишна конференција, УКИМ, Скопје. (Unpublished)
Text
Пријава-за-конференција-втор-сем_-УКИМ-Сара.pdf Download (147kB) |
|
Text
Прв-семинар-на-докторки-студии-Сара-Сребренкоска.pdf Download (1MB) |
Abstract
Во рамките на овој семинар ќе бидат презентирани сознанијата добиени од литературна претрага за производствен процес со автоматско полагање на ленти (Automate Fiber Placement technology – AFP и Automate Tape Laying technology - ATL) и добивање на ламинирани композитни структури. Имено, производниот процес со примена на автоматско полагање на ленти опфаќа истражувања поврзани со композитните материјали и со технологиите и системите за нивно производство. Најчесто, композитните структури со високи перформанси се добиваат врз основа на зајакнувачки влакна и термореактивни полимерни матрици. Меѓутоа, тие производни процеси се многу бавни поради тоа што се проследени со долги циклуси на печење на термореактивните полимерни матрици (смоли). Тоа може да биде подобрено доколку за нивното добивање се користат термопластични полимерни матрици. Кога во производната постапка постои можност за истовремено полагање на ленти и загревање на термопластичниот материјал, доаѓа до слепување на слоевите и добивање на комплетна композитна структура. Дополнително со автоматско полагање на термопластични ленти (препрези) тие се спојуваат односно се лепат со примена на топлина преку ласер (жежок гас, инфрацрвени греачи) и притисок преку компактен ролер. За автоматското полагање на термопластични ленти се користи робот за да ги насочи лентите на претходно дефинирани патеки, а тоа дозволува голема слобода во дизајнирањето на крајниот производ. Суштината на оваа технологија се состои во постепено спојување на слоеви термопластични ленти зајакнати со влакна се до формирање на крајната структура. Оваа технологија има голем потенцијал за флексибилно и автоматско производство на лесни и високи перформанси структури. Автоматското полагање на термопластични ленти помогнато со ласер претставува атрактивна технологија за авионската индустрија, има висока продуктивност, а притоа ниска потрошувачка на енергија.
Главната цел во истражувањата ќе биде да се дефинираат технолошките параметри на производниот процес (автоматско полагање на ленти) кои ќе овозможат добивање на композитна структура на самото место, без дополнително процесирање во традиционална автоклав печка или во преса (што вообичаено се применува). За реализација на оваа цел, ќе се направат истражувања за својствата на материјалот, механизмите на спојување на слоевите односно интерфејсот, параметрите кој најмногу влијаат на процесот и слично преку експериментална работа и примена на математичко моделирање на процесот. Влијанието на параметрите врз спојот на слоевите при автоматското полагање ќе се анализира преку тестирање на одредени механички карактеристики, микроскопски снимки (оптички, СЕМ) и преку некои недиструктивни методи (NDT) за испитување на дефекти во ламинираните композити.
Врз основа на сите предвидени анализи и истражувања треба да се добие високо преформансна композитна структура со точно дефинирани технолошки параметри за производниот процес.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Lecture) |
---|---|
Subjects: | Engineering and Technology > Mechanical engineering |
Divisions: | Faculty of Mechanical Engineering |
Depositing User: | Sara Srebrenkoska |
Date Deposited: | 29 Jun 2021 09:36 |
Last Modified: | 29 Jun 2021 09:36 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/28245 |
Actions (login required)
View Item |