Miteva-Kacarski, Emilija and Cabuleva, Kostadinka (2021) Дигитална трговија: предизвици и можности за земјите во развој. Knowledge – International Journal, 45.1. pp. 271-275. ISSN 2545-4439
Text
Дигитална трговија-предизвици и можности за земјите во развој (1).pdf - Published Version Download (1MB) |
Abstract
Мерките за социјално дистанцирање што ги усвоија владите ширум светот со цел ублажување на ефектите од глобалната пандемија предизвикана од вирусот КОВИД-19, доведоа до зголемено купување преку интернет. Дигиталната трговија и информатичките технологии како карактеристика на современото општество, им овозможуваат на земјите ширум светот пристап до пазари кои претходно се сметаа за недостижни. Светската економија значително се промени од основањето на Светската трговска организација (СТО), меѓу другото и заради дигитализацијата. Дигиталните иновации ја трансформираат глобалната економија. Намалувањето на трошоците за пребарување како и за обезбедување на нови информации, брзиот раст на нови производи и пазари, како и појавата на нови играчи токму како резултат на дигиталните технологии, резултира со зголемување на глобалните трговски текови, вклучувајќи го и извозот од земјите во развој. Од друга страна пак, дигиталните технологии ја загрозуваат приватноста и безбедноста ширум светот, додека земјите во развој кои немаат алатки за да се натпреваруваат во новата дигитална средина, се во опасност поради неможноста да ги следат трендовите.
Клучни зборови: мерки за социјално дистанцирање, дигитализација на трговијата, дигитална технологија, земји во развој.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Emilija Miteva |
Date Deposited: | 09 Jun 2021 07:04 |
Last Modified: | 09 Jun 2021 07:04 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/28149 |
Actions (login required)
View Item |