Dimova, Cena (2021) Имплементација на терапевтски принципи во третманот на акутна одонтогена инфекција. In: Инфекција и третирање на инфекција во секојдневната стоматолошка практика - On-line Симпозиум со Меѓународно учество, 09.05.2021, Европски Универзитет, Факултет за стоматологија, Скопје. (Unpublished)
Text
flaer.pptx - Published Version Download (762kB) |
|
Text
09.05.2021 Dimova C prezentacija.pdf - Presentation Download (5MB) |
|
Text
Тема Цена Димова - УГД.pdf - Supplemental Material Download (107kB) |
Abstract
Екстракцијата на заби во воспалителното подрачје има посебно клиничко значење. Индикација за примарна екстракција на заби зависи од повеќе фактори: стадиум на воспалението, од тоа кој заб е во прашање, од состојбата на околните ткива на забот и од општата здравствена состојба на пациентот. Целта на темата е да се потенцира доктринарниот став: за успешен третман и лекување на акутните одонтогени инфекции, покрај познавањето на етиологијата, патогенезата и текот и можното ширење на инфекцијата неопходно е да се применуваат осум принципи, практикувајќи ги како редослед на постапки или чекори.
Прв принцип: утврдување на степен на сериозност на инфекција кое вклучува процена преку примена на комплетна анамнеза за сегашната болест и клиничкиот преглед.
Втор принцип: да се направи евалуација на одбранбен систем на пациентот, особено е важно да се воочат оние медицински состојби кои може да резултираат со намален одбранбен одговор.
Трет принцип го содржи одговорот на прашањето дали пациентот треба да биде третиран од општ стоматолог или специјалист? Најголем број од одонтогените инфекции успешно се третирани од страна на општ стоматолог, со изведување на минорни хируршки постапки надополнети со антибиотска терапија. Но, некои одонтогени инфекции се животно-загрозувачки и истите бараат агресивен хируршки и медикаментозен приод.
Четвртиот принцип претставува примена на хируршки третман на инфекција, односно ова е основен принцип во згрижувањето на одонтогената инфекција со изведување на хируршка дренажа и отстранување на причината за инфекција.
Петтиот принцип е претставен преку прескрипција на медикаментозна терапија (ординирање на антибиотици, аналгетици, антипиретици, супституциона терапија, електролити, витамини, хранливи материи).
Шестиот принцип е претставен преку избор на адекватен антибиотик. Антибиотиците најчесто се препишуваат во стоматолошки ординации заедно со нестероидни антиинфламаторни лекови. Со цел да се спречи можниот развој на отпорност на антибиотици предизвикан од злоупотребата на антибиотици од широк спектар, употребата на антибиотици треба да биде ограничена на случаите со тешка инфекција.
Седмиот принцип вклучува правилна администрација на антибиотици коешто опфаќа неколку компоненти: препишување на правилна доза; правилен временски интервал; правилен начин на внесување; доволно долга администрација на антибиотикот.
Осмиот принцип е претставен преку евалуација на пациент, односно процена на состојбата кај пациентот кај кого е спроведена одредена хируршка постапка и е вклучена антибиотска терапија - задолжителна контролира на секои 24 часа.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Lecture) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Basic medicine Medical and Health Sciences > Clinical medicine Medical and Health Sciences > Health biotechnology Medical and Health Sciences > Health sciences Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Cena Dimova |
Date Deposited: | 19 May 2021 08:27 |
Last Modified: | 19 May 2021 08:27 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/28105 |
Actions (login required)
View Item |