Маркетингот и неговата практична употреба во бизнисот

Jovanov, Tamara (2021) Маркетингот и неговата практична употреба во бизнисот. In: Маркетингот и неговата практична употреба во бизнисот, 12 May 2021, Stip. (Unpublished)

[thumbnail of Info about the webinar]
Preview
Image (Info about the webinar)
Вебинар Маркетингот и неговата практичната употреба во бизнисот (2).png - Cover Image

Download (1MB) | Preview
[thumbnail of pictures from the webinar] Text (pictures from the webinar)
sliki od vebinarot.pdf - Supplemental Material

Download (649kB)

Abstract

Целта на овие вебинари е континуирано поврзување на високото образование со приватниот сектор и промовирање на важноста од меѓусебната соработка, во интерес на сите засегнати страни. Студентите добиваат прилика бесплатно да се информираат и научат како стекнатите знаења можат да ги применат во пракса, а бизнис секторот добива пристап до потенцијална млада и образувана работна сила, како и широко поле за соработка со универзитетот и факултетот.

Главни говорници:

Г-ѓа Јасна Стоимировска-Величков, сопственик на АРЕЛ НЕВРОМАРКЕТИНГ (Тема: Невромаркетингот и неговата примена во пракса)
АРЕЛ НЕВРОМАРКЕТИНГ е една од 76-те признаени невромаркетинг лаборатории во светот и 4-та во Југоисточна Европа. АРЕЛ НЕВРОМАРКЕТИНГ за домашните компании работи на развој на бренд и оптимизација на продажба со проучување на потсвесните перцепции за брендот. Лабораторијата е ангажирана и од странски компании за кои работи на стратегија за дигитална трансформација и предвидување на успехот на рекламните кампањи. Во интерес на соработката со образовниот сектор врши и едукација, односно запознавање на студентите со концептите на однесувањето на купувачите.

Г-ѓа Весна Милосављевиќ, претставник на РУСЕ КОМЕРЦ (Тема: Наоѓање на бизнис решенија преку управување со маркетинг миксот)
РУСЕ КОМЕРЦ (од Гевгелија) е компанија која постои над 20 години и има широко и диверзификувано портфолио на производи. Компанијата активно го применува маркетингот во своето деловно работење, на основ на што обезбедува значителна конкурентска предност и опстои успешно на пазарот и во турбулентни времиња на криза.

Проф. д-р Тамара Јованов Апасиева, професор на група предмети од областа Маркетинг на Економски факултет – Штип (организатор, модератор и дискутант на настанот)

Воведно обраќање:

Проф. д-р Оливера Ѓоргиева – Трајковска, декан на Економски факултет – Штип

Проф. д-р Мишко Џидров, проректор за настава на Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип

Во рамки на вебинарот, по излагањата на говорниците, е предвидена и сесија за прашања и одговори, со цел можност за вклучување на публиката во истиот.

Item Type: Conference or Workshop Item (Lecture)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Social Sciences > Media and communications
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Tamara Jovanov
Date Deposited: 14 May 2021 07:11
Last Modified: 14 May 2021 07:11
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/28087

Actions (login required)

View Item View Item