Влијание на социо-економски услови во појавата на дентален кариес кај деца со трајна дентиција

Naskova, Sanja and Longurova, Natasa (2021) Влијание на социо-економски услови во појавата на дентален кариес кај деца со трајна дентиција. Knowledge, International Journal Scientific Papers, 44.2. ISSN 1857-923X

[thumbnail of INFLUENCE OF SOCIO-ECONOMIC CONDITIONS ON THE OCCURRENCE OF DENTAL CARIES IN CHILDREN WITH PERMANENT DENTITION.pdf] Text
INFLUENCE OF SOCIO-ECONOMIC CONDITIONS ON THE OCCURRENCE OF DENTAL CARIES IN CHILDREN WITH PERMANENT DENTITION.pdf

Download (514kB)
[thumbnail of KIJ, Vol. 44.2-1-14.pdf] Text
KIJ, Vol. 44.2-1-14.pdf

Download (607kB)

Abstract

Резиме Епидемиолошки студии спроведени со цел да се оцени односот помеѓу оралното здравје и социо-економските услови укажуваат дека нискиот социо-економски статус е поврзан со повисока преваленција на забниот кариес. Се смета дека причината за поврзаноста помеѓу орално здравје и социо-економскиот статус се должи на фактот дека истиот овозможува /не пристап до ресурсите за добивање сознанија за оралното здравје, во кои особено се потенцира потрошувачката на шеќери, оралната хигиена, превентивни активности и редовни стоматолошки прегледи. За реализација на поставените цели опсервирани се деца по случаен избор од основните училишта во градот Штип. Вкупно 71 (100,00%) деца ја сочинуваат групата со трајна дентиција. Од нив 40 (56,30%) припаѓаат на експерименталната група во која 16 (22,50%) деца се од женски пол и 24 (33,80%) деца од машки пол. Во контролната група која ја сочинуваат 31(43,70%) деца, 10 (14,10%) деца се од женски пол и 21(29,60%) деца се од машки пол. Возрасната група од 12 години ја избравме по препораките на СЗО кои ја препорачуваат таа возраст за глобален мониторинг за забниот кариес и се однесува само на деца со постојана дентиција. Стоматолошките прегледи ги реализиравме со користење преносливи светилки со јачина од 60 W со бело-син спектар и стерилизирани пародонтални сонди бр.5 и огледалце. За да избегнеме визуелен замор, во текот на еден ден беа опсервирани најмногу 15 деца. За утврдување на социо-економскиот статус во семејствата на испитаниците и навиките на однесувањето кон денталното и орално здравје користевме специјално структурирани прашалници. Врз основа на анкетата и одговорите од прашањата за социо-економскиот статус во семејствата, вреднувањето беше следново: Skor 0 – висок, Skor 1 – среден, Skor 2 – низок. Дистрибуцијата на податоци кои се однесуваат на социо-економскиот статус на децата со трајни заби за експерименталната група 10 (14,10%) деца биле со низок социо-економскиот статус, 16 (22,50%) со среден 14 (19,70%) деца имале висок социо-економскиот статус. Во контролната група сите 31 (41,90%) деца биле со среден социо-економски статус. Во прикажаната дистрибуција на податоци за социо-економскиот статус на децата со трајни заби за Fisher's Exact Test=31,10 и p<0,001 (p=0,000/0,000-0,000) постои значајна разлика помеѓу двете групи. Испитаниот однос помеѓу социо-економскиот статус на децата со трајна дентиција и интензитетот на денталниот кариес за R=0,15 (p>0,05) утврдена е слаба незначајна корелација. Со порастот на социо-економскиот статус на децата со трајна дентиција присуството на дентален кариес кај децата се зголемува. Асоцијацијата на социо-економските услови може да се користи како сериозен скрининг фактор и сериозно да партиципира како инструмент за проценка на ризикот од кариес.
Клучни зборови: социо-економски услови, дентален кариес, трајна дентиција

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Sanja Naskova
Date Deposited: 17 Mar 2021 08:34
Last Modified: 17 Mar 2021 08:34
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27941

Actions (login required)

View Item View Item