Traditional musical instruments used in strengthening the national identity of the Macedonian people since 1989

Angelov, Goranco (2016) Traditional musical instruments used in strengthening the national identity of the Macedonian people since 1989. In: Music and Dance in Southeastern Europe, Myth, Ritual, Post-1989, Audiovisual Ethnographies. Sout-West University “Neofit Rilski, Blagoevgrad, Blagoevgrad, pp. 215-221. ISBN 978-954-00-0123-4

[thumbnail of Г.Ангелов-Traditional musical instruments used in strengthening the national identity of the Macedonian people since 1989.pdf] Text
Г.Ангелов-Traditional musical instruments used in strengthening the national identity of the Macedonian people since 1989.pdf

Download (13MB)

Abstract

Following the independence of the R. Macedonia, traditional musical instruments had an impact in peoples living in the Republic Macedonia. With the frequent use of traditional musical instruments in the newly created folk music, spontaneously or with a purpose, they became one of the means through which national identity was emphasized and national feeling strengthened among the population. If traditional musical instruments had been heard and seen mostly on festivals of music folklore, folk gatherings, religiouscelebrations and family celebrations in the rural areas, after the independence, their growing presence in ensembles of folk songs and dances and radio television media was evident. With more aggressive use of the bagpipe, flute, zurla, drums and other traditional musical instruments, complementation was achieved of something that was in previous years apparently absent or intentionally neglected. Reflecting the growing national consciousness and the impact of state policies editors in media houses, traditional musical instruments were increasingly prevalent in public media. There is a massive use of traditional musical instruments in the newly created music festivals songs composed in the spirit of traditional vocal music. More and more these instruments resound with other instruments typical of classical music (violin, guitar, accordion, clarinet, etc.). Unlike twenty years ago, these impacts resulted in increased interest in studying among younger generations, which was not the case and the number of instrumentalists of traditional instruments has increased. Our opinion is that we cannot ignore a phenomenon which has its own contribution to the national cultural identification and preservation of traditional musical instruments. In our paper, we describe some tunes composed in the spirit of folk music where traditional music instruments are present and which managed to be promulgated, by listening to them to awaken and preserve certain national feelings.

Традиционалните музички инструменти во функција на зајакнувањето на националниот идентитет на македонскиот народ по 1989 година
По осамостојувањето Р. Македонија традиционалните музички инструменти добија свое место во градењето на културниот белег на народите кои живеат во Р. Македонија. Со зачестената употреба на традиционалните музички инструменти во новосоздадената народна музика, спонтано или со одредена намера, тие станаа едно од средствата преку кои се истакнуваше националниот идентитет и се зајакнуваше националното чувство кај населението. Ако до тогаш традиционалните музички инструменти можеа да се слушнат и видат најповеќе на фестивали за музички фолклор, народни собири, верски прослави и семејни веселби во руралните средини, по осамостојувањето, евиденто е нивното поголемо присуство во ансамблите за народни песни и игри и во радио и телевизиските медиуми. Со поагресивната употреба на гајдата, кавалот, зурлата, тапанот и другите традиционални музички инструменти се надополнуваше нешто што во претходните години очигледно отсуствувало или пак свесно се запоставувало. Како одраз на зголемената национална свест и влијанието на државните политики на уредниците во медиумските куќи, традиционалните музички инструменти беа сѐ поприсутни во јавните сервиси. Се јавува една масовна употреба на традиционалните музички инструменти на фестивалите за новосоздадена музика во песните компонирани во духот на традиционалната вокална музика. Сѐ почесто овие инструменти прозвучуваат и со останатите инструменти карактеристични за класичната музика (виолина, гитара, хармоника, кларинет итн.). Овие влијанија резултираа со зголемен интерес за изучување кај помладите генерации што претходно не беше толку нагласено а бројот на инструменталисти на традиционални инструменти е зголемен за разлика од пред дваесеттина години. Нашето мислење е дека не можеме да игнорираме една појава која има свој допринос во националното културно идентификување и во зачувувањето на традиционалните музички инструменти. Во нашиот труд ќе произнесеме неколку напеви компонирани во духот на народната музика во кои се присутни традиционалните музички инструменти а кои успеале да се обнародат и преку нивното слушање да се будат и одржуваат одредени национални чувства.

Item Type: Book Section
Subjects: Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music)
Divisions: Faculty of Music Art
Depositing User: Goranco Angelov
Date Deposited: 12 Mar 2021 10:54
Last Modified: 12 Mar 2021 10:54
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27929

Actions (login required)

View Item View Item