Jakovlev, Zlatko (2019) Менаџмент во туризмот и угостителството. University „Goce Delchev“ - Stip, R. Macedonia.
Text
Menadzement vo turizmot i ugostitelstvoto kniga Zlatko Jakovlev.pdf Download (1MB) |
Abstract
Мошне испреплетената состојба на денешниов свет, во голема мера, му се препишува на успешниот менаџмент. Во тој контекст, менаџментот е инкорпориран во секој сегмент на модерните корпорации, било тоа да се од производниот сектор, услужните дејности, во образованието или во секоја друга организирана форма. Оттаму, се наметнува потребата од големата потрага по компетентни личности, заради претставување на најзначајниот клуч на успехот. Значењето на менаџментот се рефлектира и во перманентниот пораст на менаџерските работни места. Оние личности што докажале дека ја имаат неопходната способност за да бидат успешни менаџери, добро се покажале во однос на своите квалификации. Во рамките на деловните претпријатија каде што работењето не може да се замисли без активностите на менаџментот, истиот се смета за своевидна технологија која што овозможува ефикасност и ефективност во фирмите. Менаџментот има огромно влијание и наоѓа примена во сите фази на модерната организација: производните менаџери управуваат со производните активности во зависност од видот на производството во конкретното претпријатие, менаџерите во туризмот управуваат со комплексниот туристички производ, маркетинг менаџерите водат постојана грижа за целокупните маркетинг активности, персоналните менаџери ја обезбедуваат компанијата со стручна и продуктивна работна сила.
Item Type: | Book |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Other social sciences |
Divisions: | Faculty of Tourism and Business Logistics |
Depositing User: | Zlatko Jakovlev |
Date Deposited: | 12 Mar 2021 08:48 |
Last Modified: | 12 Mar 2021 08:48 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27924 |
Actions (login required)
View Item |