Научноистражувачки проект на тема: Перцепција на слободата на изразување на медиумските работници во Источниот регион на Република С. Македонија

Majhosev, Andon and Galeva, Jordanka and Korovesoska, Iskra (2020) Научноистражувачки проект на тема: Перцепција на слободата на изразување на медиумските работници во Источниот регион на Република С. Македонија. [Project]

[thumbnail of Проект Перцепција на слободата на изразување на медиумските работници во Источниот регион на Република С. Македонија.pdf]
Preview
Text
Проект Перцепција на слободата на изразување на медиумските работници во Источниот регион на Република С. Македонија.pdf

Download (371kB) | Preview

Abstract

Слободата на изразување е фундаментално право на човекот гарантирано со повеќе правни инструменти на ООН, Советот на Европа, ЕУ и други меѓународни организации.
Република С. Македонија како држава членка на ООН, Советот на Европа и на други меѓународни организации го има имплементирано правото на слобода на изразување во Уставот на државата и Законите.
Слободата на изразување е огледало на демократијата во една држава и зависно од тоа колку се почитува ова право, така е вреднувана и демократијата во тоа општество. Медиумите и новинарите вршејќи си ги секојдневните професионални обврски се соочуваат со разни притисоци од одделни центри на моќ кои го ограничуваат остварувањето на нивното право на слободата на изразување.
Во овој Научно-истражувачки проект ќе ја истражиме перцепцијата на медиумските работници за слободата на изразување, како и причините кои влијаат во ограничувањето на ова право. Така, преку ова истражување ќе дојдеме до конкретни сознанија за перцепцијата на степенот на цензура и автоцензура на медиумските работници во медиумите во Источниот регион на Република С. Македонија.

Основно истражувачко прашање на кое треба да одговориме во истражувањето е "Каква е перцепцијата на медиумските работници за степенот на слободата на изразување во Источниот плански регион на Република С. Македонија?"

Item Type: Project
Subjects: Social Sciences > Media and communications
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Jordanka Galeva
Date Deposited: 15 Feb 2021 09:11
Last Modified: 15 Feb 2021 09:11
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27773

Actions (login required)

View Item View Item