Nikolovska, Violeta (2020) А камоли... имплицитна негација со градација. Македонски јазик. ISSN 0025-1089
Preview |
Text
Македонски јазик 2020 (1) - 9.11.2020.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Предмет на нашата анализа е сложениот сврзнички состав а камоли. Во
составот на овој сврзник може да се разграничат три компоненти, со различни
морфолошки категоризации: сврзникот а (најчесто оквалифилуван како сврзник за
спротивни реченици); партикулата камо (којашто можеме да ја оквалификувааме како
прагматички маркер) и партикулата ли. Единствен сврзник во овој состав е сврзникот а,
кој од своја страна, не е типичен сврзник. Тој се вбројува во групата на координативни
сврзници за сложени реченици со спротивен однос, па според тоа, би требало да
очекуваме односот меѓу речениците поврзани со овој сврзник да биде спротивен. Сепак,
во примерот Таа не сака да ме види, а камоли да се смири со мене, значењето на втората
реченица не е во спротивен однос со значењето на првата реченица, туку повеќе би
рекле дека е во однос на координација со градација. Во трудот ја анализираме
употребата на овој сложен сврзнички состав во современиот македонски јазик. Нашата
цел е да ја откриеме семантиката што ја изразува овој сврзнички состав и неговата
вредност од комуникативен аспект – хиерархијата на значењата што ја воспоставува во
исказот.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Educational Science |
Depositing User: | Violeta Nikolovska |
Date Deposited: | 10 Feb 2021 08:41 |
Last Modified: | 10 Feb 2021 08:41 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27713 |
Actions (login required)
View Item |