Компјутеризирана томографија за радиолошки технолози

Gligorievski, Antonio (2016) Компјутеризирана томографија за радиолошки технолози. Other. Antonio Gligorievski.

[thumbnail of Компјутеризирана томографија за радиолошки технолози.pdf]
Preview
Text
Компјутеризирана томографија за радиолошки технолози.pdf

Download (272kB) | Preview

Abstract

Книгата се состои од 24 поглавја на вкупно 147 страници. Веднаш после воведот изнесени се основните физички принципи на рендгенските зраци, бидејки абсорпцијата на ртг. зраците е од особена важност за компјутризираната томографија (CT). Објаснета е конвенционалната, линеарна томографија како претходник на CT. Дадени се историските податоци во развојот на CT и првиот апарат за CT. Наведени се принципите за CT, започнувајки од геометријата на снопот, слабеењето на снопот, широчината на пресекот, детекторите на ртг. зраците, основните параметри и протокол на снимање. Објаснето е секвенционалното и спирално скенирање и добивање на слика со реконструкција и прикажана е градбата на новите повеќеслојни скенери. Објаснето е што претставува pixel, што е voxel, што претставува дензитетот и како се одредува. Објаснета е градбата на апаратот за CT. Изнесено е како се добиваат сигналите и обработката на податоците, како се добива CT слика, што е CT број, што е мрежа или матрикс на податоци, што е прозорец (windowing) и негово одредување на CT сликата. Објаснет е начинот на довбивање на CT слика, реконструкцијата со помош на пост процесинг. Прикажан е системот за CT и факторите од кои зависи квалитетот на CT сликата (шум, резолуција, контраст). Најчести артефакти на CT сликата и зошто се јавуваат. Прикажани се сите пет генерации на CT скенери и во што се состои разликата меѓу нив. Објаснети се основните принципи на работа со CT скенерот и користењето на тастатурата, глушецот, користење на работните прозорци и контролни кутии, како и картите со задачи, менија и алатки како дел од совтферскоот пакет кој го поседува секој CT скенер. Објаснет е протоколот на работа со CT скенерот од вклучување па се до исклучување на системот. Објаснет е потоколот за CT снимање на сите делови и органи од човечкото тело, индикациите за прегледот, како и предностите и недостатоците од прегледот. Сето тоа на едноставен и разбирлив начин за студентите.

Item Type: Monograph (Other)
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Antonio Gligorievski
Date Deposited: 11 Feb 2021 08:08
Last Modified: 11 Feb 2021 08:08
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27688

Actions (login required)

View Item View Item