Улогата на системот на социјална заштита во постапување со деца - жртви на сексуална злоупотреба

Rogleva, Aleksandra and Ivanova, Elena (2020) Улогата на системот на социјална заштита во постапување со деца - жртви на сексуална злоупотреба. Proceedings of the Seventh International Scientific Conference 'Social changes in the global world'. ISSN 978-608-244-778-0

This is the latest version of this item.

[thumbnail of Улогата на системот за социјална заштита во постапување со деца жртви на сек. злоупотреба.pdf]
Preview
Text
Улогата на системот за социјална заштита во постапување со деца жртви на сек. злоупотреба.pdf

Download (4MB) | Preview

Abstract

Системот на социјална заштита е динамична категорија која веќе подолг
временски период во континуитет трпи промени со цел прилагодување на новиот
општествен контекст и актуелните проблеми кои ги наметнува современото живеење.
Брзата индустријализација, сиромаштијата и ограничениот пристап до социјалните
услуги понекогаш ги лишува семејството и примарната мрежа на социјална заштита, од
можноста да обезбедат квалитетна и навремена грижа кога станува збор за потребите
на своите членови, a особено за децата. Токму поради тоа, центрите за социјална работа
како старателски органи и основни служби за социјална заштита во локалната заедница,
се најповикани да обезбедат помош и поддршка на деца на кои им е загрозен развојот
како резултат на различни облици на злоупотреба, но и да преземаат превентивни
активности со цел да се спречи настанување на виктимизација.
Оттука, основната идеја на трудот е да се направи детален преглед на овластувањата
кои ги имаат центрите за социјална работа при постапување со деца - жртви на
сексуално насилство и експлоатација и да се утврди каква е нивната улога и значење
во остварување на концептот на детска благосостојба. Во оваа насока, подеднакво
ќе бидат разгледани оние овластувања кои според својата содржина може да спречат
настанување на кривични дела од ваков вид како би се овозможило рано откривање и
третман на детето изложено на ризик од злоупотреба, како и интервентните мерки што
центрите се овластени да ги преземаат со цел да обезбедат сеопфатност и континуитет
во сите фази на заштита на децата од виктимизација.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Aleksandra Rogleva
Date Deposited: 01 Feb 2021 09:16
Last Modified: 01 Feb 2021 09:16
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27396

Available Versions of this Item

Actions (login required)

View Item View Item