„Недефинирана кодификација“ - самостојна изложба

Miloseski, Slobodan (2020) „Недефинирана кодификација“ - самостојна изложба. [Show/Exhibition]

[thumbnail of Прилеп-каталог.pdf]
Preview
Text
Прилеп-каталог.pdf

Download (10MB) | Preview
[thumbnail of Плакат-Прилеп.pdf]
Preview
Text
Плакат-Прилеп.pdf

Download (4MB) | Preview
[thumbnail of Фотографии од изложбата.pdf]
Preview
Text
Фотографии од изложбата.pdf

Download (10MB) | Preview

Abstract

Проектот насловен „Недефинирана кодификација“ пртставува самостојна изложба на мои скулпторски дела од галериски формат, кои многу добро енергетски се вклопија во избраниот простор -галеријата на НУЦК „Марко Цепенков“ –Прилеп.
Основата на интерес на овоj проект-изложба гравитира околу можноста за совладувањето на суштината и специфичноста на употребениот материјал во техниката на изработка или градење на дадените дела. Нивната изработка во природни материјали, како што се конопот, кучината и дрвените струготини, кои ни се блиски во секојдневието, но исто така се невообичаени за употреба во изработка на скулптурата како медиум, нудат поттикнувачка искра која ја активира фантазијата во самиот процес на обликувањето, што остава простор и можност за инстинктивно реагирање во текот на творечкиот процес.
Односот на масите се димензионираше преку врзувачки фактори, како збир на алтернативи во оформување на целината. Поради тоа во делата се присутни ефекти на просторно визуелна тензија или сугестија на една своевидна возбудлива пореметеност.
Разновидноста на конкретните солуции на поставката се всушност обединети во генералната идеа за креирање на обмислен симболички свет. Спроведувањето на скулпторската идеја на трансформација на присутните кодови во концепцијата на целината, ги задржува критериумите на естетскиот објект.
Тука асоцијативноста на облиците не е во функција на враќање на виденото. Напротив тоа е обид за надминување на значењето во кое како подлога беше интенционалното, со надреални или фантастични предлошки.

Item Type: Show/Exhibition
Subjects: Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music)
Divisions: Art Academy
Depositing User: Slobodan Miloseski
Date Deposited: 27 Jan 2021 19:20
Last Modified: 27 Jan 2021 19:20
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27244

Actions (login required)

View Item View Item