Управување со проекти во туризмот

Metodijeski, Dejan and Filiposki, Oliver and Micevski, Mladen and Todorovic, Emilija and Taleska, Milena and Dzambazovski, Kristijan and Dimovski, Cedomir (2020) Управување со проекти во туризмот. Туристика, Скопје. ISBN 978-608-4872-07-8

[thumbnail of Upravuvanje so proekti vo turizmot.pdf]
Preview
Text
Upravuvanje so proekti vo turizmot.pdf

Download (821kB) | Preview

Abstract

Книгата „Управување со проекти во туризмот“ е наменета за сите кои работат во секторот туризам и угостителството, за академската јавност, студентите, истражувачите, заинтересираните страни од приватниот, јавниот и невладиниот сектор кои директно или индиректно се поврзани со учество во проектни активности од областа на туризмот. Книгата е изготвена со цел да се збогати постоечката литература поврзана со проблематиката на проектниот менаџмент од аспект на туризмот и угостителството.
Материјалот во книгата е поделен во четири основни поглавја. Во првиот дел е опфатен материјалот кој се однесува на поим и дефинирање на туризмот, регионалната распространетост на туризмот и современите светски тенденции во туризмот. Исто така, обработен е материјалот поврзан со статистичките податоци за секторот туризам во Македонија.
Во вториот дел се разгледуваат поимот, дефинирањето и развојот на проектниот менаџмент. Во материјалот се обработуваат теми поврзани со значењето на проектниот менаџмент, изработката на проектни апликации, планирање и изработка на проекти, контрола на проектните активности, извештаи од проекти и други важни сегменти на проектниот менаџмент.
Третиот дел е посветен на фондовите и донаторските агенции кои финансиски го овозможуваат спроведувањето на проектите. Опфатени се позначајните светски фондови за проекти од областа на туризмот. Исто така, презентирани се поважните Европски фондови кои распишуваат повици за развој на туризмот.
Четвртиот дел има за цел да го опфати проектниот менаџмент во Македонија поврзан со секторот туризам. Во материјалот се презентирани поважните институции кои поддржуваат проекти поврзани со туризмот.
Во денешно време голем број на заинтересирани страни се вклучуваат во процесот на изработка на проекти од областа на туризмот. Поради оваа причина, целта на оваа книга е да даде основни насоки и објаснувања за проектниот менаџмент. Во материјалот се презентирани современите светски тенденции во развојот на проектниот менаџмент од аспект на туризмот. Во изработката на книгата користена е соодветна стручна литература и релевантни интернет извори од областа на проектниот менаџмент, угостителството и туризмот.
Имајќи предвид дека ова е прво издание на книгата, можеби сме пропуштиле некои важни елементи поврзани со менаџментот на проекти. За сите забелешки, мислења и коментари, авторите ќе Ви бидат благодарни и ќе ги земат предвид при создавањето на второто дополнето и проширено издание. Исто така, искажуваме благодарност и до сите наши колеги и соработници кои дадоа придонес во обезбедувањето на неопходните материјали за комплетирање на книгата, како и на рецензентите за укажаните искрени и конструктивни сугестии.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Dejan Metodijeski
Date Deposited: 25 Dec 2020 08:15
Last Modified: 25 Dec 2020 08:15
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/26929

Actions (login required)

View Item View Item