Македонскиот национален идентитет во британската и американската дипломатска и разузнавачка кореспонденција (1919-1945)

Cepreganov, Todor and Dzingo, Teon and Josimovska, Verica and Cackov, Oliver and Nikolova, Sonja (2020) Македонскиот национален идентитет во британската и американската дипломатска и разузнавачка кореспонденција (1919-1945). Принт фактори, Скопје, Република Македонија. ISBN 978-608-245-540-2

[thumbnail of NASLOVNA.pdf]
Preview
Text
NASLOVNA.pdf

Download (279kB) | Preview
[thumbnail of avtori.pdf]
Preview
Text
avtori.pdf

Download (298kB) | Preview
[thumbnail of ВОВЕД.pdf]
Preview
Text
ВОВЕД.pdf

Download (329kB) | Preview

Abstract

Во текот на 2017 година, како резултат на објавениот конкурс за финансирање на научно - истражувачки проекти од фондот за научно - истражувачка работа при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, беше прифатен пријавениот проект „Македонскиот национален идентитет во британската и американската дипломатска кореспонденција“. Главен истражувач и раководител на проектот беше проф. д-р Тодор Чепреганов, а како соработници во проектот беа вклучени проф. д-р Теон Џинго, доцент д-р Верица Јосимовска, доцент д-р Оливер Цацков и доцент Соња Николова. Во текот на работата на проектот, кој траеше две години, беше консултирана веќе објавената документација во однос на истиот, а беа извршени и истражувања во Софија, Белград и Загреб. Во текот на траењето на проектот, од учесниците, во истиот, беа објавени 8 (осум) научи прилози во меѓународни списанија.
Британскиот интерес кон Македонија започнал во времето на Наполеоновите војни, продолжил во времето на Кримската војна, но поголема заинтересираност покажале во втората половина на XIX век и во времето на Сан-Стефанскиот и Берлинскиот договор. Од тој период македонското прашање постојано ќе биде присутно во британската дипломатска кореспонденција. За разлика од нив, интересот на САД кон Македонија бил инцидентен. Интерес покажале во време на киднапирањето на Мис Елен Стоун, на Париската мировна конференција, како и во 1944 година кога испраќаат своја воена мисија на територијата на Македонија. Во овој контекст треба да се има предвид и фактот што САД до 1917 година ја практикуваа политиката на изолационизам т.е. да не се мешаат во случувањата во Европа.
Основната цел на проектот беше да се сублимираат, врз основа на необјавена и објавена архивска документација и историската литература, ставовите на британскиот и американскиот политички естаблишмент и нивните разузнавачки служби во однос на националниот идентитет на македонскиот народ во периодот по завршувањето на Првата светска војна, во периодот меѓу двете светски војни и сѐ до крајот на Втората светска војна. При работата на проектот, соработниците, во истиот се базираа на изнесените ставови на дипломатите и разузнавачите кои на кој било начин го тангираа националниот идентитет на Македонците, дали тоа им се допаѓало или не, настојувајќи да ја избегнат субјективноста и емотивноста во приодот на работата на проектот.
Се надеваме дека монографијата, на читателите ќе им ја долови суптилноста на македонското национално прашање, видено преку очите на британските и американските политичари и разузнавачи и ќе фрли светлина на нивната етика и морал кога морале да ги следат официјалните ставови во однос на (не)постоењето на Македонците или неоптоварени со официјалната политика да го пренесат она што го гледале и слушале кога биле во допир со светот на Македонците.

Item Type: Book
Subjects: Humanities > History and archaeology
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Verica Josimovska
Date Deposited: 14 Jul 2020 16:05
Last Modified: 14 Jul 2020 16:05
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/24216

Actions (login required)

View Item View Item