Македонците во рамките на балканските земји меѓу двете светски војни

Josimovska, Verica and Cepreganov, Todor (2020) Македонците во рамките на балканските земји меѓу двете светски војни. ISBN 978-608-244-712-4.

Full text not available from this repository.

Abstract

Скриптата Македонците во рамките на балканските земји меѓу двете светски војни е наменета за студентите од студиската програма Историја на Факултетот за образовни науки при УГД – Штип. Подготвена е како учебно помагало за предметот: Македонците во рамките на Кралството СХС/Југославија, Бугарија и Грција (1919-1939).
Содржински е претставена во 6 поглавја со поднаслови, во кои е опфатен периодот по завршувањето на Првата светска војна, од одржувањето на Париската мировна конференција, па сѐ до предвечерието на Втората светска војна. Содржините во скриптата даваат приказ за положбата на Македонците кои се нашле под власт на три различни балкански држави, со различен стопански и општествен развој, со различни културни и историски традиции, изложени на асимилација и денационализација на нивниот имот. Опфатени се содржини кои ја прикажуваат состојбата во македонското националноослободително движење, коешто, пак, и покрај поделеноста и непостоењето на политичка и организациона поврзаност меѓу револуционерните сили на македонскиот народ, не се откажало од стремежот за македонски национален и политички индивидуалитет.
Скриптата, секако, е само основа, на студентите им е понудена и дополнителна литература што би требало да биде поттик за понатамошни нивни истражувања и толкувања што ќе ги етаблира како идни историчари.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Humanities > History and archaeology
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Verica Josimovska
Date Deposited: 23 Mar 2020 11:10
Last Modified: 23 Mar 2020 11:10
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23940

Actions (login required)

View Item View Item