Efremov, Jordan (2019) Биенално студио на цртежи во Штип, учество со два цртежи. [Show/Exhibition]
Preview |
Text
bienalno studio na crtez.pdf Download (182kB) | Preview |
Abstract
Во НУ Центар за култура „Ацо Шопов“ – Штип се одржа биенално студио на цртеж. На гонинашнава манифестација, учествуваа дваесетина ликовни уметници од републиката. На ликовната изложба беа презентирани цртежи во разни ликовни техники, кои што можеа да се откупуваат од страна на Центарот за култура.
Всушност, ова претставува возобновување на оваа ликовна манифестација, која започна да се одржува уште во почетокот на осумдесетите години од минатиот век, а со која раководеше тогашниот советник за култура при домот на културата „Ацо Шопов“, познатиот македонски сликар Кирил Ефремов.
Тогаш оваа манифестација беше од меѓународен карактер. На неа учествуваа познати и реномирани ликовни уметници од просторите на поранешната држава Југославија, но и уметници од цела Европа. Со возобновувањето на оваа ликовна манифестација, всушност ќе се направат напори, оваа реномирана ликовна манифестација повторно да добие меѓународен карактер и повторно да стане традиционална и да се одржува на секои две години.
Item Type: | Show/Exhibition |
---|---|
Subjects: | Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music) |
Divisions: | Art Academy |
Depositing User: | Jordan Efremov |
Date Deposited: | 24 Feb 2020 08:34 |
Last Modified: | 24 Feb 2020 08:34 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23841 |
Actions (login required)
View Item |