Пренатален скрининг на инхибин A и фето-плацентарна циркулација како предиктори за прееклампсија кај бремени жени во втор триместар

Izairi, Pranvera and Velickova, Nevenka (2019) Пренатален скрининг на инхибин A и фето-плацентарна циркулација како предиктори за прееклампсија кај бремени жени во втор триместар. International Journal Knowledge, 35 (4). pp. 1269-1275. ISSN 1857-923X

[thumbnail of Izairi, Velickova_Knowledge 2019.pdf]
Preview
Text
Izairi, Velickova_Knowledge 2019.pdf

Download (2MB) | Preview
Official URL: https://ikm.mk/Mk/

Abstract

Прееклампсијата е компликација која се јавува во бременост и се карактеризира со висок крвен притисок над 140/90 ммХг) измерена најмалку двапати, последователно, во временски интервал од најмалку четири часа и појава на протеини во урина (над 0,3 г/24ч. урина). Најчесто се јавува после втор триместар кај претходно нормотензивни жени. Одговорна е за матернален и фетален морбидитет и морталитет околу 3-8% од бременостите во светот. Етиологијата не е позната но постојат повеќе теории како имунолошка, генетска, плацентрна исхемија итн. Кои донесуваат до дисфункција на спиралните артерии, неадекватна трофобластна инвазија и пореметена имплантација што резултира со плацентарна хипоперфузија и исхемија, создавајќи различни ангиогенски фактори кои влегуваат во мајчината циркулација. Студијата е проспективна и се изработува во СБГА Мајка Тереза-Скопје, аобработени се податоците добиени од Март-Јули 2019. Земено е примерок од венска крв за анализа на Инхибин А кај 18 здрави бремени жени помеѓу 15-19 г.н. и се измерени доплерските вредности на левата и десната утеринчна артерија во 20-24 г.н. Од сите вклучени жени, кај 4 е најдено високо ниво на Инхибин А, додека кај 3 од нив и високи доплерски вредности и кај една присуство на Notch. Овие 4 пациентки се хоспитализираа и се преземени понатамошни дијгностички процедури за прееклампсија. Прееклампсија се најде кај три бремени жени во 32, 34 и 35 г.н. Висока вредност на мајчин серумски Инхибин А во втор триместар е значајно поврзано со појава на прееклампија. Истотака, постои и корелација помеѓу нивото на Инхибин А и доплерските вредностите на a. uterina и појава на notch.

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Nevenka Velickova
Date Deposited: 25 Feb 2020 11:02
Last Modified: 25 Feb 2020 11:02
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23771

Actions (login required)

View Item View Item