Nacev, Trajce and Stojanovski, Darko (2019) Археолошки истражувања на Узун Мера, локалитет од Среден Палеолит во централниот дел на Овче Поле – 2017 и 2018. In: Симпозиум на МАНД.
Preview |
Text
Programa Struga_24_04_finalna.pdf Download (262kB) | Preview |
Preview |
Text
prezentacija_MAND-2019.pdf Download (3MB) | Preview |
Abstract
Во 2017 година, за потребите на планираниот проект – изградба на карго аеродром во Овче Поле, беше извршена археолошка теренска проспекција на локацијата зафатена со проектот. При тоа беа откриени Палеолитски артефакти (камени орудија) на огромна површина. При понатамошно детално рекогносцирање беа утврдени границите на локалитетот, чија површина надминува 1 км2. Со цел утврдување на стратиграфијата и начинот на настанување на локалитетот, во текот на 2017 и 2018 беа извршени сондажни археолошки ископувања. Со досегашните теренски и кабинетско-лабораториски истражувања, беше потврдена припадноста на локалитетот кон Средниот Палеолит. Евидентирани се сите фази на изработка на камени орудија (јадра, кортикални и некортикални одбитоци и готови орудија), и кај сите нив се присутни атрибути на технологијата на изработка на камени орудија карактеристична за Homo neanderthalensis. Работна хипотеза во однос на настанувањето на овој локалитет е дека станува збор за секундарен депозит, односно во текот на значаен геолошки процес, поголема маса нанос е донесена на оваа локација од блиските ридови. Таа маса вклучува во себе како суровини (вулкански карпи), така и артефакти. Но сеуште целосно не е отфрлена и можноста дека при овој геолошки процес овде се донесени само суровините, додека камените орудија биле изработени на самата локација. Дополнителни гео-морфолошки и физички истражувања ќе дадат одговор на овие прашања. Овде се презентирани сите детаљи од досегашните две сезони на истражување на Узун Мера.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Humanities > History and archaeology |
Divisions: | Faculty of Educational Science |
Depositing User: | Trajce Nacev |
Date Deposited: | 25 Dec 2019 10:18 |
Last Modified: | 25 Dec 2019 10:18 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23219 |
Actions (login required)
View Item |