Палеолитската камена индустрија од локалитетот Узун Мера, с. Мустафино: утврдување на пост-депозиционите промени и техно-типолошка анализа.

Nacev, Trajce and Mackovski, Andrej (2019) Палеолитската камена индустрија од локалитетот Узун Мера, с. Мустафино: утврдување на пост-депозиционите промени и техно-типолошка анализа. In: Симпозиум на МАНД.

[thumbnail of Programa Struga_24_04_finalna.pdf]
Preview
Text
Programa Struga_24_04_finalna.pdf

Download (262kB) | Preview
[thumbnail of prezentacija_MAND-2019.pdf]
Preview
Text
prezentacija_MAND-2019.pdf

Download (3MB) | Preview

Abstract

Во истражувањето претставена е прелиминарната анализа на камената индустрија од палеолитскиот локалитет на отворено Узун Мера, во с. Мустафино, Штипско. Прво, со цел да се разбере интегритетот на збирката камени орудија, беа испитани пост-депозиционите промени на површината на материјалот во однос со суровината и стратиграфската позиција. Покрај останатите, како најдоминантни типови на површинска промена на материјалот се истакнуваат физичкото оштетување на рабовите и сјајната (глос) патина. Исто така, извршена беше техно-типолошка класификација на орудијата со цел да се разбере управувањето со литичките ресурси на локално ниво, како и за компарација на артефактите со други гранични региони. Орудијата упатуваат на типична среднопалеолитска разноликост на камената индустријата, но присутни се и нетипични форми со несигурна хронолошка припадност. Како дополнување на техно-типолошката анализа беа испитани пост-депозиционите површински промени на материјалот, кои соодветно поделени и квантификувани можат да бидат солидна поткерпа при дефинирањето на различни периоди на употреба на материјалот. Анализираниот материјал потекнува од рекогносцирањата и археолошките ископувања во 2017 и 2018 година.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Humanities > History and archaeology
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Trajce Nacev
Date Deposited: 25 Dec 2019 10:18
Last Modified: 25 Dec 2019 10:18
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23218

Actions (login required)

View Item View Item