Брсјачката буна од 1881 година

Iliev, Andrej (2011) Брсјачката буна од 1881 година. Штит (23). pp. 46-47. ISSN 1857-6710

[thumbnail of 23-Shtit UGD repozitorium.pdf]
Preview
Text
23-Shtit UGD repozitorium.pdf

Download (2MB) | Preview

Abstract

Брсјачката буна претставува заговор кој индиректно се рефлектира како востаничко ослободително движење во југозападниот дел на Македонија кон крајот на Источната криза во Македонија од 1875-1881 година. Во историографијата најчесто се сретнува името Брсјачка буна затоа што се јавува во југозападниот дел од територијата
на Македонија, место во кое во древните времиња живеело познатото македонско племе Брсјаци. Друг синоним под
кој што пошироката историографија ја препознава оваа буна од почетокот на осумдесеттите години на XIX век е името Демирхисарска буна, затоа што раскошните планински предели на Демирхисарскиот крај преставувале главно упориште односно централно место на буната. Во Охридскиот крај активно дејствувал Илија Делија, во Кичевскиот крај дејствувал војводата Ангел Атанасов, во пределот на
Копачка дејствувал Насте Ластовецот, Мицко Крстев и други војводи. Овие војводи чиј број бил околу 65, биле активни војводи и учесници најпрвин во Српско-турската војна 1876/77 година, а веднаш потоа и во Руско-турската
војна од 1877 година.
Македонските војводи, враќајќи се од Руско-турската војна во своите родни места, наи шле на тотална анархична положба. Имено, честите османлиски разбојнички банди се оддале на чести грабежи, масовни убиства и безмилосно малтретирање на македонскиот народ, така што секојдневниот живот на македонскиот народ бил вистинско измачување со крајна неизвесност и несигурност. Од друга
страна османлиската власт речиси воопшто не ги користела своите државни механизми за одржување пристоен живот на потчинетиот македонски народ туку напротив, власта се покажала крајно неефикасна да ја подобри состојбата со македонското население. Ваквата анархична состојба активно ги иницирала локалните македонски жители во југозападниот дел на Македонија на лична одбрана и заштита од неподносливите тортури на османлиските разбојнички банди и од османлиската власт. Сето ова на крај резултирало со основање на месни чети за самоодбрана и заштита со цел да го исчистат југозападниот дел на Македонија од разбојници и насилници над локалното македонско население. Македонското население почнало редовно да ги собира државните даноци и да ги предава на османлиските власти со цел да го скрие сомнежот кај нив и да ја затскрие востаничката активност за престојното кревање на буната.
Клучни зборови: Брсјачка буна, османлиска власт, македонски востаници, даноци, војводи

Item Type: Article
Subjects: Humanities > History and archaeology
Divisions: Military Academy
Depositing User: Andrej Iliev
Date Deposited: 17 Dec 2019 11:24
Last Modified: 17 Dec 2019 11:24
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23135

Actions (login required)

View Item View Item