Разловечкото востание од 1876 година

Iliev, Andrej (2011) Разловечкото востание од 1876 година. Штит - Магазин на Министерство за одбрана на Република Македонија. ISSN 1857-6710

[thumbnail of 20-Shtit UGD repozotorium.pdf]
Preview
Text
20-Shtit UGD repozotorium.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Основните причини за подигнување на востание во источниот дел на Македонија во текот на 1876 година, во историографијата познато како Разловечко востание се повеќестрани, но непосреден повод биле тешките општествено-економски прилики на македонскиот народ под османлиското владеење во периодот на Источната криза
(1875-1878 година). Поради сè позачестените загуби на бојното поле на османлиската војска од нејзините европски противници, а особено од Кримската војна (1853-1856 година) па наваму значително се зголемиле даноците, а воедно се воведувале и нови даночни задолженија.
Покрај наведениве внатрешни фактори за одбележување е и надворешниот фактор, а тоа се востанието во Босна и Херцегови- на од 1875 година и Априлското востание
во Бугарија од 1876 година.
Најпрвин во текот на 1875 година во Солун бил формиран Таен македонски револуционерен комитет, раководен од Димитар Поп Георгиев Беровски во кој биле застапени сите македонски социјално-општествени слоеви: свештеници, трговци, учители, занаетчии итн. Подготовките за претстојното востание се изведувале во Солун, а истото се подготвувало да избувне во Пијанечко-малешевскиот предел.
Клучни зборови: Разловечко, востание, османлиска војска, македонски востаници, македонски револуционерен комитет

Item Type: Article
Subjects: Humanities > History and archaeology
Divisions: Military Academy
Depositing User: Andrej Iliev
Date Deposited: 17 Dec 2019 11:24
Last Modified: 17 Dec 2019 11:24
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23134

Actions (login required)

View Item View Item