Зародишот на македонскиот непокор

Iliev, Andrej (2010) Зародишот на македонскиот непокор. Штит - Магазин на Министерство за одбрана на Република Македонија (14). pp. 42-43. ISSN 1857-6710

[thumbnail of 14-Shtit UGD repozitorium.pdf]
Preview
Text
14-Shtit UGD repozitorium.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Кон крајот на XIX век во Маке донија постепено и незабележително се појавило едно струење за ослободување од стегите на османлиското господство и отпори од пропагандната активност на соседните држави. Постепено, од тајно и неорганизирано, македонското револуционерно движење прераснува во еден вид на организирана самоодбрана која се состоела од тајни револуционерни и училишни кружоци кои прераснуваат во револуционерни комитети и вооружени групи. На чело на овие револуционерни движења во Македонија застанала главно македонската учителска интелигенција која го повела македонскиот народ и потиснатите народни маси кои живееле во Македонија да ја извојуваат својата слобода по пат на сенародно вооружено и организирано востание. Така постепено созреала идејата за поврзување на револуционерните групи, кружоци и комитети, во единствена македонска вооружена сила. Врз основа на гореспоменатите начела, на 23-ти октомври (стар стил) 1893 година во Солун, група напредни македонски интелектуалци во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација (МРО).

Item Type: Article
Subjects: Humanities > History and archaeology
Divisions: Military Academy
Depositing User: Andrej Iliev
Date Deposited: 17 Dec 2019 11:23
Last Modified: 17 Dec 2019 11:23
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23131

Actions (login required)

View Item View Item