Apasiev, Dimitar (2019) Римско право - Практикум II. ISBN 978-608-244-662-2.
Preview |
Text
94. РП ПРАКТИКУМ II, B5 (29.X.2019).pdf Download (971kB) | Preview |
Abstract
Овој втор интерен високошколски Практикум по Римско право е наменет првенствено за студентите од прва година на Правниот факултет при Државниот универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, како и за студентите на другите, јавни или приватни, правни факултети во Македонија кои овој предмет го слушаат како задолжителен или како факултативен, во првиот или во вториот семестар од студиите.
Тој е плод на научноистражувачката и наставно–педагошката работа на авторот за време на неговите вежби и предавања по предметот Римско право, кои во последниве седум години, како асистент и доцент, ги држеше на Правниот факултет при УГД – Штип. Овој Практикум има за цел да ја пополни празнината која, во македонски прилики, постои при систематското изложување на оваа древна материја и да им овозможи полесен пристап на студентите-почетници до најстарите пишани текстови од правната романистика. За разлика од првиот практикум, од овој се исклучени оригиналните латински текстови и фрагменти, првенствено поради дидактички причини. Наместо тоа, акцентот е ставен на коментирање на непознатите или помалку познатите правни поими кои ги користеле Римјаните, а со кои се среќаваат бруцошите при воведувањето во оваа правно-историска материја.
Искрено се надевам дека ваквиот синтетизиран и коментаторски правен приказ на обичајно-правните кодификации кои се појавувале низ милениумската политичко-правна историја на Рим, ќе им даде на студентите по право доволен увид во најстарите зачувани извори на правото, врз кои почива и денешното европско право, а на подобрите од нив ќе им послужи за натамошни попродлабочени истражувања на оваа изворна материја.
Item Type: | Teaching Resource |
---|---|
Subjects: | Humanities > History and archaeology Social Sciences > Law Social Sciences > Political Science |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Dimitar Apasiev |
Date Deposited: | 06 Dec 2019 09:48 |
Last Modified: | 06 Dec 2019 09:48 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23065 |
Actions (login required)
View Item |