Одредување на парапротеин во серум и урина со електрофореза за дијагностицирање на мултипен миелом (ММ), искуства на ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологија за период од 2015 до 2017 година

Gorgievski, Bosko (2019) Одредување на парапротеин во серум и урина со електрофореза за дијагностицирање на мултипен миелом (ММ), искуства на ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологија за период од 2015 до 2017 година. Other thesis, Goce Delcev University Stip.

[thumbnail of Бошко-Ѓоргиевски-ФИНАЛЕН ТРУД-Лекториран.pdf]
Preview
Text
Бошко-Ѓоргиевски-ФИНАЛЕН ТРУД-Лекториран.pdf

Download (816kB) | Preview

Abstract

Мултипен миелом (ММ) е клонално заболување со пролиферација на матурни Бклетки (плазма клетки) во коскениот мозок, а се карактеризира со појава на моноклонална имуноглобулинска фракција (М компонента, парапротеин) во серумот или, понекогаш, само при електрофореза на урина. Бенигната форма (МГУС или моноклоналната гамапатија со неодредено значење) е околу 100 пати почеста од миеломот.
Цел на трудот:
Цел на овој труд е да се прикаже дијагностицирање на мултипен миелом со одредување на парапротеин во серум и урина со електрофореза, да се утврди застапеност на мултипен миелом кај пациенти во Р. Македонија во период од 2015 до 2017 година и податоците да се анализираат во зависност од возраста, полот и местото на живеење.
Материјали и методи:
Анализирани се податоци од пациенти со мултипен миелом кои се дијагностицираат и лекуваат на ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологија. Податоците се собрани во период од три години, од 2015 до 2017. Опфатени се пациенти на возраст над 40 години.
Овој труд е изработен во лабораторијата на ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологија.
6

Резултати:
Во 2015 година се регистрирани 19 пациенти со мултипен миелом, во 2016 година се регистрирани 22 пациенти со мултипен миелом, а во 2017 година се регистрирани 25 пациенти со мултипен миелом.
Според полот, оваа болест е повеќе застапена кај машкиот пол. Според возрасната категорија, најмногу е застапена кај пациенти на околу 70 години.
Заклучок:
Мултипниот миелом е најчестиот примарен рак на коските. Тоа е малиген тумор на коскената срцевина. Појавата на мултипниот миелом е приближно кај пет до седум лица на 100.000 лица секоја година. Повеќето случаи се забележани кај пациенти на возраст помеѓу 50 и 70 години.
Податоците што сум ги обработил во овој специјалистички труд се совпаѓаат со податоците на СЗО.
Клучни зборови: мултипен миелом, дијагностицирање, лабораториски тестови,

Item Type: Thesis (Other)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 26 Nov 2019 12:27
Last Modified: 26 Nov 2019 12:27
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22963

Actions (login required)

View Item View Item