Glavinov, Aleksandar and Armenska, Branka (2019) Идејно решение и оправданост за изведба на еднолентна кружна крстосница во Берово. In: First Macedonian Road Congress, 7-8 Nov 2019, Skopje, Macedonia.
Preview |
Text
Paper_T8-5_Идејно решение и оправданост за изведба_AG_BA.pdf Download (512kB) | Preview |
Preview |
Text
Zbornik_UREDUVACKI_Sodrzina.pdf Download (563kB) | Preview |
Abstract
Како и во повеќето Европски земји, така и во Република Северна Македонија, присутна е
тенденцијата на се почеста изведба на кружни крстосници и реконструкција на класични
крстосници во кружни. Многубројните истражувања покажале дека со преминување во
современи кружни крстосници значително се намалува бројот на сообраќајните незгоди, се
подобрува заштитата на животната средина, како и нејзино естетско обликување. Во овој труд
направена е анализа и проценка за оправданост и изведба на кружен тек во градот Берово на
одредена локација по јасно дефинирани критеруми. Оправданоста за прифаќање и
донесување на оваа одлука представува цел на истражувањето, односно основен чекор за
понатамошно преминување во постапка и почеток за изрaботка на проектна документација за
кружната крстосница. Процесот на планирање и донесување одлука за оправданост на изведба
e разработен по методологијата за анализа на функционалните критериуми, просторно
урбанистичките критериуми, критериумите за сообраќајот во кружниот тек, проектно-техничките
критериуми, критериумите за сообраќајна сигурност, критериумите на пропусна моќ,
критериумите на околината како и економските критериуми. Врз основа на направените
анализи и истражувања, решението за имплементација на кружната крстосница на
дефинираната локација е прифатливо, така што варијантата на еднолентна кружна крстосница
е оценета како најдобро решение.
Клучни зборови
кружен тек, сообраќај, критериуми, анализа, оправданост.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Engineering and Technology > Civil engineering |
Divisions: | Faculty of Natural and Technical Sciences |
Depositing User: | Aleksandar Glavinov |
Date Deposited: | 19 Nov 2019 09:30 |
Last Modified: | 19 Nov 2019 09:30 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22883 |
Actions (login required)
View Item |