Velkovska-Trajanovska, Valentina and Zelenkovska Leshkova, Stefanija (2019) Технички и репродуктивни карактеристики на музичкиот жичен инструмент харфа. Journal for theory and practise of the education Prosvetno delo, 72 (4). pp. 36-48. ISSN 0350-6711
Preview |
Text
prosvetno delo br.4-2019 - trud.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Еден од најстарите жичени и воопшто најстари музички инструменти е харфата. Употребата на харфата, и како соло и како инструмент за придружба, се среќава кај повеќето стари цивилизации и токму затоа тешко може да се определи нејзиното потекло. Иако во текот на својот еволутивен пат поминува низ различни фази што се рефлектираат врз промена на конструкцијата, на изгледот, на бројот на жиците, сепак, инструментот го задржува својот оригинален концепт. Во 1720 година баварскиот мајстор Карл Хохбрукер (C. Hohbruker) ја изработил првата харфа со педали, а во XIX век парискиот конструктор Себастијан Ерар (S. Erard, 1752–1831) го утврдил педалниот механизам со трите можни положби на секој од седумте педали и со тоа ја утврдил основата на современата харфа. Финалниот резултат е денешната харфа со двоен механизам со седум педали, со четириесет и седум жици, основно штимани во дијатонски Ces-dur. Од почетокот на XIX век поради огромната популарност на клавирот, харфата полека се позиционира во втор план.
Од оркестарската група на жичени инструменти, кај кои тонот се добива со откинување на жиците, само харфата е редовен член на модерниот симфониски оркестар.
Клучни зборови: жичени инструменти, харфа, техничкорепродуктивни каарактеристики.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music) |
Divisions: | Faculty of Music Art |
Depositing User: | Valentina Velkovska Trajanovska |
Date Deposited: | 07 Oct 2019 12:21 |
Last Modified: | 07 Oct 2019 12:21 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22636 |
Actions (login required)
View Item |