Сортна специфичност на овесот одгледуван во услови на органско производство

Burovska, Adrijana (2019) Сортна специфичност на овесот одгледуван во услови на органско производство. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.

[thumbnail of Магистерски труд ФИНАЛНА ВЕРЗИЈА за Одбрана-converted.pdf]
Preview
Text
Магистерски труд ФИНАЛНА ВЕРЗИЈА за Одбрана-converted.pdf

Download (5MB) | Preview

Abstract

Во овој магистерски труд се прикажани резулатите од истражувањата вршени кај овес одгледуван во услови на органско производство, добиени преку испитување на морфолошките својства на растенијата како и квалитетните односно физичките, биолошките и хемиските својства на овесот. Испитувањата се вршени во 2015 и 2016 година, на 11 генотипови овес, од странско и домашно потекло: кривогаштани, требеништа, кучевиште, рајац, славуј, ловќен, купа, барања, експлорер, шампионка и истра. Резултатите покажуваат дека сортата купа има најмала висина на растенијата меѓу сите испитувани генотипови, додека кривогаштани има највисоки растенија со висина над 100 cm. Со оглед на тоа дека, висината на растението е во негативна корелација со отпорноста на полегнување, за селекција се погодни сортите: купа, експлорер, требеништа и истра, чија висина е помала од 100 cm. Со најдолги метлици во периодот од двете години се сортите ловќен и кривогаштани со 21,5 cm и 26,8 cm. Просечниот принос на зрно по метлица во двегодишниот период се движеше од 1,2 g кај популацијата кучевиште до 2,8 g кај сортата истра. Приносот на зрно по единица површина просечно за двегодишниот период, одгледуван во услови на органско производство се движи од 1 833 kg/ha кај популацијата кучевиште до 3 633 kg/ha кај сортата истра. Во нашите истражувања факторот генотип има важна улога во формирањето на приносот, бројот на клавчиња во метлица, должината на метлица, висината на растенијата и приносот на зрно по метлица. Факторот година има одлучувачка одлука во формирање на бројот на зрна во клавче и зрна во метлица. Во однос на хемискиот состав на зрното кај овесот, сортата шампионка и во двете години се одликуваше со највисока содржина на протеини и тоа: 14,3 % во 2015 и 15,3 % во 2016. Популацијата кривогаштани се издвои како генотип со
највисока содржина на масти во зрното и во двете години со вредности од 4,57 % и 4,36 %. Содржината на пепел во 2015 беше највисока кај сортите шампионка и барања (4,2 %), а во 2016 кај сортата барања (4,5 %). Популацијата кучевиште се одликуваше со највисока содржина на целулоза во зрното во 2015 (17,5 %), додека наредната година тоа беа сортите рајац (30,2 %) и барања (30,6 %). Содржината на протеини, масти и пепел се под влијание на интеракцијата помеѓу факторите генотип и условите на годината, додека содржината на целулоза е под силно влијание на факторот година.

Кеy words: генотип, принос, компоненти на принос, морфолошки својства,

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Agricultural Sciences > Agricultural biotechnology
Divisions: Faculty of Computer Science
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 20 Aug 2019 07:44
Last Modified: 20 Aug 2019 07:44
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22336

Actions (login required)

View Item View Item