Ефектот на регулаторите на растот врз микропропагацијата на некои декоративни видови

Velesanova, Ivana (2019) Ефектот на регулаторите на растот врз микропропагацијата на некои декоративни видови. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.

[thumbnail of Ivana Velesanova 20992.pdf]
Preview
Text
Ivana Velesanova 20992.pdf

Download (3MB) | Preview

Abstract

Основна цел на нашите испитувања беше да се постави култура од апикални пупки и котиледони на декоративните видови петунија Petunia sp., црвена декоративна зелка Brassica oleracea cv. Kyoto red given, каранфил Dianthus sp. и агератум Ageratum sp., да се запознаат својствата на ткивата во in vitro услови и да се утврди нивниот потенцијал за органогенеза и регенерација во растение.
Апиклните пупки и котиледоните беа изолирани од семиња кои се изртени во асептички услови, а потоа беа култивирани на MS медиум (Murashige & Skoog,1962) минерален раствор со 3% сахароза, 0,7% агар, а од фитохормоните беа користени IAA, BA, GA3, NAA и BAP кои беа додавани во медиумот во различни комбинации и концентрации.
По 30 дена изданоци беа добиени само од апикални пупки, кај црвена декоративна зелка, каранфил и агератум, додека органогенезата кај петунија на МЅ медиум се одвиваше во формирање на калус и лисни розети. Вкоренувањето на изданоците беше стимулирано со ниски концентрации на ауксини МЅ + 0,5 mg/l IAA + 2,5 mg/l IBA.
Културите беа држани во клима-комора на контролирани услови и тоа: релативна влажност од 80%, фотопериодизам 16/8 светло/мрак, 25°С температура и осветлување од 2000-3000 Lux. Добро вкоренетите растенија беа префрлени во пластични садови, наполнети со стерилна мешавина од песок, перлит и тресет (1:1:1), а нивната аклиматизација се одвиваше во три фази и тоа: најпрво во клима-комора, потоа во пластеници, и на крај регенерантите беа префрлувани во надворешни услови.

Клучни зборови: микропропагација, in vitro, изданоци, лисна розета, калус,

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Agricultural Sciences > Agricultural biotechnology
Divisions: Faculty of Agriculture
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 11 Jul 2019 06:51
Last Modified: 11 Jul 2019 06:51
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22183

Actions (login required)

View Item View Item