Dimovska, Daniela (2018) Заштита на животна средина (почва). [Project]
Preview |
Text
SKM_C224e19062108570.pdf Download (3MB) | Preview |
Abstract
Состојба на животната средина / осетливост:
Зачувувањето на животната средина треба да биде еден од главните приоритети на целокупното општество. Здравите навики и грижата за растителниот и животинскиот свет околу нас треба да биде навика и култура на живеење на секој поединец. Навиките се формираат од мали нозе , па затоа нашите активности започнуваат од најмалите па се до сите двигатели во општеството со цел постигнување на здрава и квалитетна животна средина. Рационалното искористување на природните ресурси овозможува нивно подолготрајно користење, па отаму и потребата да се утврди сегашната состојба на ресурсите и да се конкретизираат мерки со кои ќе се забави нивната деградација. Со цел да се утврди сегашната состојба на почвата и присуството на органска материја, како и макроелементи , значајни за животот на растенијата и човекот предвидено е да се земат 100 почвени проби и на база на добиените резултати ќе се дадат насоки за збогатување на почвите со органска материја и подобрување на нејзиниот квалитет.
Индустриско -технолошкиот развој, брзиот развој во земјоделството и нерационалното користење на земјоделските површини, се причина за високиот степен на загаденост на воздухот, почвата и водата во средината во која живееме. Имајќи ги во предвид податоците кои покажуваат дека концетрациите на штетни материи во воздухот, водата и почвата се над дозволените мерни граници, поттикнати сме за овој голем проблем да го алармираме кај децата, адолесцентите, студентите и сите граѓани да бидат еколошки активни и со јакнење на пошироката јавна свест да поставиме основа за иден позитивен развој на младите генерации.
Item Type: | Project |
---|---|
Subjects: | Agricultural Sciences > Agriculture, forestry, and fisheries |
Divisions: | Faculty of Agriculture |
Depositing User: | Daniela Dimovska |
Date Deposited: | 20 Sep 2019 07:28 |
Last Modified: | 20 Sep 2019 07:28 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22084 |
Actions (login required)
View Item |