Ефикасност при употребата на хербални препарати во третман на воспаленија на оралната лигавица

Rogoleva, Sonja and Koleva Gudeva, Liljana and Aleksandrov, Mihail (2019) Ефикасност при употребата на хербални препарати во третман на воспаленија на оралната лигавица. In: Конгрес на студенти по општа медицина, 09-10 May 2019, Stip, Macedonia.

[thumbnail of Книга_на_апстракти_ефикасност на хербални препарати кај орални инфламации.pdf]
Preview
Text
Книга_на_апстракти_ефикасност на хербални препарати кај орални инфламации.pdf

Download (3MB) | Preview
[thumbnail of POSTER-Efikasnost pri upotrebata na herbalni preparati kaj oralni inflamacii.pdf]
Preview
Text
POSTER-Efikasnost pri upotrebata na herbalni preparati kaj oralni inflamacii.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Оралните воспаленија (ОВ) можат да бидат предизвикани од најразлични општи или локални етиолошки фактори. Стоматитите, како чести и болни инфламаторни заболувања на оралната лигавица, се карактеризираат со: везикули, афти, ерозии и улцерации. Хербалните препарати (ХП), кои се користат за елиминирање на причината, имаат значајна улога во третманот на ОВ. Овие препарати поседуваат антиинфламаторни, антибактериски, антифунгални и аналгетски ефекти.
Цел: Да се евалуираат клинички истражувања кои ја потврдуваат ефикасноста на ХП кај ОВ.
Материјали и методи: Беше извршена евалуација на неколку хумани клинички студии, публикувани во последните пет години, во базата на податоци PubMed®.
Резултати: Орални мукоадхезивни гелови и водички за испирање на уста, на база на: Aloe vera, Propolis, Matricaria chamomilla, Commiphora myrrha, Zataria multiflora, Curcuma longa се користат при третман кај ОВ. Во една студија, кај 65% од пациентите третирани со Propolis-водичка за испирање на уста, била целосно подобрена клиничката слика кај
ОВ, во седумдневен третман. Друга студија покажала дека кај 76,6% од пациентите третирани со Aloe vera гел дошло до целосно исчезнување на улцерациите на мукозната лигавица, а кај 76,7% од пациентите третирани со гел од Commiphora myrrha, целосно исчезнала болката, после шестиот ден од третманот. Куркумата, користена како течност за испирање на уста, во едно истражување кај 80% од пациентите имало комплетно повлекување на промените после две-неделен третман. Употребата на водичка за испирање на уста со екстракт од Zataria multiflora (ZME), двојно ја намалила инциденцата на оралниот мукозитис, во однос на плацебо–групата. Интензитетот на болката и појавата на орален мукозитис биле 3,152 пати поретки кај групата која користела ZME.
Заклучок: Хербалните препарати брзо и ефикасно можат да доведат до елиминација на симптомите и ублажување на болката. Затоа, нивната употреба кај вакви заболувања рапидно расте.
Клучни зборови: мукозитис, стоматитис, третман, хербална медицина.

Item Type: Conference or Workshop Item (Poster)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Liljana Koleva Gudeva
Date Deposited: 23 May 2019 08:30
Last Modified: 23 May 2019 08:30
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22046

Actions (login required)

View Item View Item