Музичките инструменти во научните публикации на д-р Александар Линин

Angelov, Goranco (2018) Музичките инструменти во научните публикации на д-р Александар Линин. In: 43. „Струшка музичка есен“ 2018 Музиката помеѓу творецот и публиката, 21-23 Sept 2018, Struga, Macedonia. (Unpublished)

[thumbnail of Download File (8).pdf]
Preview
Text
Download File (8).pdf

Download (3MB) | Preview

Abstract

Др Александар Линин како прв доктор на музички науки во Р. Македонија а според нас и првиот етноорганолог, предизвикува посебно внимание бидејќи со неговите истражувања македонската етномузикологија и етноорганологија добиваат едно повисоко научо претставување на стекнатите сознанија. Проучувајќи го неговиот научен пат не можеме да не го забележиме неговиот огромен истражувачки опус кој опфаќа сегментите кои го претставуваат музичкиот фолклор а тоа е вокалната и инструментална музика и музичките инструменти. Линин во своите истражувања опфаќа теми кои претходно воопшто не се обработувани поради што од денешна инстанца можеме да согледаме дека постои голем недостаток на пишан научен материјал за просторот на кој се простира денешна Р. Македонија, нешто што со делувањето на Линин значително се надополнува. Неговите продлабочени студии го намалуваат овој недостаток а воедно и отвораат нов пат во развојот на македонската ентомузикологија и етнооргаологија. Нашиот интерес е насочен кон научните достигнувања на Линин во кои тој ги опфаќа музичките инструменти со кои се служи народот во Р. Македонија. Имајќи во предвид дека од неговите истражувања и публикување на истите има поминато подолг временски период, во нашето истражување ќе направиме анализа на монографијата. „Народните музички инструменти во Македонија“ во која Линин поставува одредени методологии во произнесувањето на сумираните сознанија. Нашата цел е да го претставиме неговиот потфат во кој прави преглед и систематизавија на музичките инструменти според начинот на произведување на тонот и нивната употреба а произнесува и голем број на информации поврзани со технологијата на изработување на инструментите, информации кои ни овозможуваат да направиме копмарација во однос на денешната функција на инструментите.
Клучни зборови: истражувања, публикации, музички инструменти,

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music)
Divisions: Faculty of Music Art
Depositing User: Goranco Angelov
Date Deposited: 21 Feb 2019 11:19
Last Modified: 01 Apr 2019 13:02
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21596

Actions (login required)

View Item View Item