Jordeva, Sonja and Golomeova, Saska (2018) Технологија на изработка на облека 1 - скрипта. ISBN 978-608-244-573-1.
Full text not available from this repository.Abstract
Оваа е-скрипта настана како резултат на потребата на студентите од III година
на Технолошко-техничкиот факултет на студиските програми Технологија на текстил и
облека и Дизајн на текстил и облека за совладување на знаењата по предметот
Технологија на изработка на облека 1.
Исто така оваа е-скрипта можат да ја користат и стручњаците кои работат во
конфекциските претпријатија.
Е-скриптата има за цел да им пружи на студентите и стручњаците обемни
информации од областа на техничката подготовка во индустријата за облека и
технолошките процеси на кроење и шиење.
Е-скриптата се состои од вовед и 6 поглавја. Првите три поглавја се однесуваат
на техничката подготовка во индустријата за облека. Во првото поглавје е разработена
конструкциската подготовка, во второто оперативната, а третото се однесува на
технолошката подготовка. Четвртото поглавје се однесува на процесот на кроење и во
него детално се објаснети методите на изработка и примена на кројни слики,
положувањето на ткаенините или плетенините во кројна наслага, како и постапките на
кроење заедно со уредите што се користат. Посебно поглавје, петтото е посветено на
примената на меѓупоставите. Во него се објаснети видовите на меѓупостави, процесот
на термофиксирање, параметрите, опремата и методите на термофиксирање на
леплива меѓупостава. Шестото и најобемно поглавје се однесува на технолошкиот
процес на шиење. Тоа е поделено на 6 посебни целини кои се однесуваат на: својства
на шевовите, типови на шевови, типови на бодови, транспортни системи кај шивачките
машини, игли на шивачките машини и шивачки конци.
Item Type: | Teaching Resource |
---|---|
Subjects: | Engineering and Technology > Mechanical engineering |
Divisions: | Faculty of Technology |
Depositing User: | Sonja Jordeva |
Date Deposited: | 14 Feb 2019 06:48 |
Last Modified: | 28 May 2019 10:45 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21559 |
Actions (login required)
View Item |