Josifovic, Ivica (2018) Прекуграничната соработка на Европската унија во размената и процесуирањето на е-докази: студии на случаи. Стручно списание Правник (312). pp. 7-14. ISSN 1409-5238
Preview |
Text
DOC704.PDF - Published Version Download (2MB) | Preview |
Abstract
Живееме во поврзан свет. Се што правиме е поврзано со употребата на интернетот. Информатичката и комуникациска технологија (ИКТ) толку многу брзо се разви и придонесе за економска и општествена корист. Но, од друга страна терористите и сајбер-криминалците го користат сајбер-просторот за криминални активности. Ваквиот проблем не е локален и само за една држава; тој е глобален и затоа е потребен глобален пристап за соочување со таквите криминални активности.
Поради тоа, националните власти треба да бидат способни за ефективно спроведување на истраги против терористичките акти и терористичките групи со употреба на ИКТ. Но, тука е прашањето на територијалната јурисдикција, поради прекуграничната природа на интернетот. Се поставуваат прашања во однос на податоците кои може да се користат како доказ пред судовите и судската соработка, како и за заштитата на приватноста на граѓаните. Советот на министри на ЕУ во јуни 2016 година, во своите заклучоци го потенцираше значењето за подобрување на ефективноста на кривичната правда во сајбер-просторот. Трудот се обидува да даде одговор на неколку прашања: Кои се основните предизвици со кои ЕУ и државите-членки се соочуваат при прибирањето на е-докази? Како тие ги решаваат проблемите? Дали може заедничка рамка на ЕУ да обезбеди солуции за нивно решавање?
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Law |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Ivica Josifovik |
Date Deposited: | 07 Feb 2019 08:04 |
Last Modified: | 07 Feb 2019 08:04 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21527 |
Actions (login required)
View Item |